3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМалата Марија од Радовиш: Ми требаат патики, ме болат прстите, но не...

Малата Марија од Радовиш: Ми требаат патики, ме болат прстите, но не кажувам на мама да не се растажи

spot_img

Можеби невидлива за јавноста ќе останеше и Сузана Тачева од село Ораовица, Радовиш, доколку не и го посакуваше најдоброто на својата 12 годишна ќерка Марија.

Од шест години таа самохрано ја расте со минимален месечен приход. Имало месеци кога живееле буквално и без средства. Гладни. Во една соба.


Без бања. Без купатило. Без детска соба како што имаат другарките на Марија. Сами, последните години се епицентар една на друга.

Што се разликуваат од другите семејства. Што немаат храна за сите денови од месецот. Што ниту еднаш во годината не можат да си дозволат нова облека. Што Марија мора да ги носи тесните патики од лани и да крие од мајка си дека се е во ред само да не ја растажи повеќе.

А, бол ката ќе ја трпи и дома и на училиште. За не среќа Сузана е жена со здравствени проблеми ќе рече таа па не е способна ниту да работи.

Иако е благодарана на хуманите луѓе кои и овозможиле да има лабаво, кујна и ламинат за да не премрзнуваат на студениот бетон, сепак, не ја крие бо лката што дури ни после 33 години не успеала да купи ново тенџере, па, истото го користи за секаква намена. Затоа, сакаше да излезе од невидливоста и да го раскаже проблемот на јавноста.

„Живееме сами со ќерка ми. Сопругто по чина. Живееме во една соба, немаме средства да ја средиме куќата. Земаме 6400 социјално, а со тие пари гледа ли се и се школува ли дете, а и за мене и за нејзе за живот, за сметки.Тешко се живее, се бањаме во корито во собата“ изјави Суза.

Потеклото на оваа жена е од село Смиланци. Можеби најголемата грешка во животот и е прераното влегување во брак на само 17 години,со човек што како што ќе рече таа, не се ни трудел да и обезбеди многу.

Како млада многу работела. На нива со тутун некако го вадела лебот, но, не била среќна зашто цели 20 години го немала најубавото нешто-рожбата и поколението.

За среќа Господ пред 12 години и ја подарува Марија, која на свои шест години дознава дека го губи таткото.

„Се сеќавам на татко ми, живеевме сиромашно. Да немаш услови за ништо. Да беше жив мислам дека пак ќе беше исто, ќе живеевме и како сега. Тој се ја те паше мама, се сеќавам на тие моменти, бев тогаш многу мала и не можев да ја одбранам“ изјави Марија за „Срце на дланка“ и додаде:

Јас ја разбирам мама дека не може да ми овозможи како што сите мајки можат на децата.

За жал и покрај среќата да стане мајка на Марија сепак Сузана е несреќна бидејќи не е способна да и овозможи живот каков што заслужува секое дете зашто не е способна да се вработи бидејќи имала серриозни здравствени проблеми-вели таа.

А, најтешко и е што немаат основни услови за живот бидејќи овие мајка и ќерка живеат во една соба во која до неодамна немало ништо, а, често биле принудени да бидат и гладни.

„Пред месец ипол ми снимаа главата во Струмица и сега докторката не доаѓа тука, цедето не ми е отворео. Три месеци сум без апчиња, а јас сум жена со у дар, можам да паднам некаде. Звонев на матичната, ми вели да ти дадам упат за Струмица. Но јас бев двпати бев, но за што попрво да дадам пари, за такси ли, немам пари.

„Ќерката вели мамо купи ми патики, но велам чекај прво даплатеме сметки. За чизми и даде една другарка, а и немаше некоја зима годинава. Патки сега мора да и купам, но од каде со 6000 денари, но ми вели мамо не плачи. Немам ни за мандарини, банани, а сокови и да не споменувам, не пие тоа.

Имаше месец со 80 денари останав, откако 6000 денари на нотар ги дадов за куќата. Имаме сестра, мајка, но тие не ме помагаат. Но братучедите ме помагаат вели Суза.

Полицискиот синдикат и помогнал пред извесно време да закрпат една собичка, добиле ламинат, нов кревет и кујничка.

„Претходно имаше теписони само на подот и ми студеше, цело време нозите ми беа ладни. Би посакала и чоколади и смоки, ама нема мама пари да ми купи. Тоа што го имаат другите деца го сакам и јас“, вели ќерката Марија и додава.

Јас сум многу порзлична од нив, тие имаат посебни соби, а ние со мама во една соба живееме. Ми треба патика, но мама нема со што да ми купиме.

Кога си дојдам дома се ме бо лад прстите, ама не и кажувам на мама, да не се растажи. Ми треба облека. Луѓе што ми даваат тоа носам, другарките носат фармерки, кожени палтиња, а јас ништо.

Во лонец грееме вода, се бањаме во корито. Јас учам сама да си готвам, во едно тенџере и вариме и пржиме и јадеме од него.

Доколку сакате да помогнете истото може да го направите преку контакт со Сузана на број 070286913

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...