19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПарична отштета за битолчанка која била нападната и искасана од улична мачка...

Парична отштета за битолчанка која била нападната и искасана од улична мачка !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Апелациониот суд од Битола ја потврди првостепената пресуда со која е доделена парична отштета на битолчанка која била нападната и искасана од улична мачка. Настанот се случил на Нова година во 2021 година додека жената фрлала ѓубре во контејнер на улицата Тошо Даскало во Битола. Адвокатот на повредената Марјан Петровски, кој успеа да го добие судскиот процес, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека неговата клиентка била нападната ненадејно и повеќекратно од голема мачка, при што ѝ биле нанесени повреди – откинати кожа и месо во дел од раката, а била касната и по нозете. Повредите биле утврдени со медицинската документација и фотодокументација, а биле изработени и вешт наод и мислење од вешто лице, специјалист по судска медицина.

<

Иако на прв поглед изгледаше како едноставен и наивен случај, увидов дека се работи за еден исклучителен и специфичен случај, во кој повредите кои ѝ беа нанесени на оштетената воопшто не беа наивни. По извршена детаљна анализа на правната рамка која ја регулира оваа материја, а имајќи ги предвид одредбите од Одлуката за комунален ред донесена од Општина Битола во корелација со законите за комунални дејности, локална самоуправа и за облигациони односи, утврдив дека во целост не е извршена обврската во однос на заловувањето на животните скитници, после што ја поднесовме предметната тужба, со која ги тужевме Општината и јавното претпријатие ‘Комуналец‘“, вели адвокатот Петровски.

Основниот, а потоа и Апелациониот суд од Битола утврдија дека надлежните не само што не ги извршиле своите обврски во однос на бездомните животни, туку и одговорност и на оштетената ѝ досудија надомест на нематеријална штета од 50.000 денари.

Ова е прв судски случај за напад од улична мачка во Македонија. Според законската регулатива, во тој период, покрај за улични кучиња, можеа да се поднесуваат тужби и за мачки. По оваа тужба, во октомври 2022, Општина Битола направи измени во Одлуката за комунален ред, во која беше предвидено заловување, згрижување и стерелизација на бездомни кучиња и мачки. Од одлуката беше избришан делот „и мачки“.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...