18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Евреите ќе влезат во Уставот со измените за Бугарите, најави Ковачевски

И Евреите ќе влезат во Уставот со измените за Бугарите, најави Ковачевски

spot_imgspot_img

И Евреите ќе бидат внесени во македонскиот Устав со измените што претстојат, најави премиерот Димитар Ковачевски. Собранието ќе гласа измени на Уставот за во него да бидат додадени Бугарите како услов Македонија да ги продолжи пристапните преговори со Европската Унија.
Јас пред оваа прес-конференција имав состанок со претставници на Кнесетот на израелското собрание. Тие се тука во Владата и во наредните два дена ќе бидат присутни тука по повод одбележувањето на 80-годишнината од сеќавањето на депортираните Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. Се работи за 7.144 Евреи од Македонија, кои од страна на фашистите биле транспортирани и убиени во Треблинка. Тоа се историски факти, не може некој да ги менува тие факти дека фашистите ги транспортирале Евреите во Треблинка. Не може да има дискусија по таа основа. Еврејската заедница кај нас е исклучително значајна заедница. Јас сум кажал, исто така и нашите коалициски партнери, дека при уставните измени и Евреите ќе бидат една од заедниците што сметаме дека треба да бидат дел од нашиот Устав“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали најавените дебати за историските факти на Евреите во Македонија може да ги закочат уставните измени и пристапниот процес.

Потомци на македонските Евреи вчера пред бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола порачаа дека не ги забораваат злосторствата од март 1943 година. Посетија дека бугарска војска ги опколила еврејските населби во Скопје, Штип и Битола, ги собрала Евреите и со објаснување дека ги префрлаат во Бугарија, ги депортирале во логорот Треблинка во Полска каде што биле убиени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...