30.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Очекувам во текот на денот да биде расчистен инцидентот во Бутел

Спасовски: Очекувам во текот на денот да биде расчистен инцидентот во Бутел

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со синоќешниот инцидент со пукање во Бутел во кој меѓу нападнатите има и полициски службеник, изјави дека се приведени две лица, а се трага по уште тројца.

<

-Станува збор за напад врз неколку лица, едно од тие лица е полициски службеник. Лишени од слобода се две лица. Има лица кои со другото возило практично го напуштиле лице местото. Очекувам дека наскоро и тие ќе бидат приведени кон лицето на правдата, рече Спасовски, на новинарско прашање на заедничката прес – конференција со неговиот босански колега Ненад Нешиќ.

Тој појасни дека според класификацијата, се работи за насилство.

– Очекувам дека во текот на денот ќе завршат сите активности во однос на расчистување на целиот овој случај и дека повредените, ќе закрепнат. Важно е да тие лица бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност, нагласи министерот.

Тој појасни дека во едно од возилата биле три лица, две од нив се приведени. Во другото возило имало уште две лица.

Запрашан до каде е постапката со случајот во „Шиша бар“ и дали можеби тој е поврзан со синоќешниот инцидент, министерот одговори дека има напредок во истрагата. Според првични проценка, смета дека нема поврзаност на овие случаи, но оти треба да се почека целосно да заврши истрага.

Секако, во истрагата се утврдуваат и повеќе информации и податоци. Тоа го даваат и криминалистичките истраги, вештачењата што ги имаме. Мотивите се криминални пресметки на одредени структури, секако дека подетално за мотивите ќе кажеме на крајот од истрагата. Меѓутоа тоа ќе биде во фаза кога ќе бидат прибрани сите докази и кога ќе можеме да соопштиме во јавноста. Сепак истрагата треба да ја водиме на ниво на институции, одговори Спасовски.

Тој нагласи дека сите активности што се потребни во делот на криминалистичките истраги се преземаат и на основа на наредбите што ги дава јавниот обвинител, течат вештачењата и утврдувањето на сите докази. Нагласи дека првично треба да се видат мотивите за синоќешниот напад.

Министерот нагласи дека граѓаните на Република Северна Македонија треба да бидат спокојни за својата безбедност.

– Заради тоа што институциите се тука и тие ја бранат безбедноста, јавниот мир и ред, во секој поглед. Мирот и стабилноста на граѓаните се приоритет број еден, рече Спасовски.

Тој додаде дека „според Меѓународниот индекс за мир, што ги следи сите аспекти во делот на безбедноста, Република Северна Македонија е рангирана како една од најбезбедните на Балканот, 35-та на листата по безбедност, во светот“.

Запрашан за полицаец од Велес што ширел омраза на интернет, тој рече дека се преземени мерки од страна на внатрешната контрола. Во тој дел, додаде, зајакнати се инструментите и покрај внатрешна контрола, постои надворешен механизам на контрола во Канцеларијата на Народниот правобранител, а формирано е и посебно одделение во јавното обвинителство, до кои се процесуираат случаите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...

Мајчинска очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – која се удави во водите на Вардар кај Градско

Очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – исчезна во водите на Вардар кај Градско Се бара 16-годишната Теодора Бабарчиќ која вчера исчезна во водите на...

Државјани на Албанија сакале да ги подмитат вработените на граничниот премин Ќафазан.

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Кафасан" при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските...

Напад со нож во хотел на охридското крајбрежје.

На 25.07.2025 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, го лишија од слобода А.Д. (43) од истото село. Тој...