2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов: Три милиони денари помош ќе додели Град Скопје за настраданите во...

Шилегов: Три милиони денари помош ќе додели Град Скопје за настраданите во земјотресите во Петриња

spot_imgspot_img

Три милиони денари помош ќе додели Град Скопје за настраданите во земјотресите во Петриња и во Загреб. Советот на Град Скопје денеска во знак на солидарност донесе одлука да се додели помош од 2 милиони денари за Петриња и еден милион денари за Загреб.

„Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња“, рече Шилегов.

Во вчерашниот голем земјотрес од 6,2 степена по Рихтер во Петриња, Хрватска, загинаа 7 лица. Утринава од 6.15 до 6.30 часот во епицентралното подрачје имаше серија од три послаби потреси, од 3,9 до 4,8 степени. Од земјотресот материјалната штета е голема, во Петриња нема неоштетена куќа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...