15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПокрај што Руската вакцината Спутник 5 ни беше понудена дирекно, ние ќе...

Покрај што Руската вакцината Спутник 5 ни беше понудена дирекно, ние ќе ја набавиме преку КОВАКС системот.

spot_imgspot_img

Земјава преку КОВАКС системот ќе ја добие и руската вакцина „Спутник 5“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеникот Димитар Апасиев од Левица.

Министерот рече дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин за руската вакцина „Спутник 5“, но таа тогаш била во третата фаза од клиничките испитувања, а процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.

– Последните месеци тој процес заврши и таа влегува во еден од деловите на КОВАКС механизмот. Не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку КОВАКС ќе стигне и руската „Спутник 5“. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на СЗО и на Гави алијансата – рече Филипче.

Министерот потенцира дека не постоела ниту една можност да ја добиме руската вакцина во моментот кога првпат ни била понудена, оти не бил завршен процесот на клиничко испитување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...