21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа да нема повеќе дојави за бомби во училиштата, Лекот е 5...

За да нема повеќе дојави за бомби во училиштата, Лекот е 5 пари, вели Рашковски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тоа што не се јавно објавуваат не значи дека ги нема. Тоа што сторителите не се пронајдени е вториот аспект, затоа што ниедно кривично дело не смее да остане неказнето. Тоа што повеќе загрижува е способноста да се справиме со ваквите сајбер напади, затоа што ова нема да е крај – дигитализацијата тек почнува. Отворете ChatGPT и замислете само – ако ова ни се дава јавно и бесплатно, што тогаш во светот на вештачката интелигенција има, а е тајно, пишува професорот Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата и обвинет за случајот „Софтвери“-пишува Слободен Печат.

<

Како експерт за информатика тој нуди 5 превентивни чекори со кои би се спречиле дојавите за бомби во училиштата, кои оваа учебна година, речиси целосно го нарушија образовниот процес во многу скопски средни и основни училишта.

Сите маил адреси на наставниците и административниот кадар во училиштата да се променат и како такви да се стават во една дата база, МВР да ја стави таквата дата база во дата центарот во Прилеп, кој според надворешниот изглед делува ветувачки, да се отстранат сите стари маил адреси од веб страните на училиштата, на местата каде што стоеле старите маил адреси до името на наставниците или административниот кадар да се стави копче со назив – ПОБАРАЈ МАИЛ АДРЕСА. Откако ќе се кликне ќе го одведе посетителот до веб страна поврзана со дата базата од ЧЕКОР 1 при што на таа страница ќе проверува од каде доаѓа барањето, и доколку истото барање доаѓа од IP адреса надвор од нашата земја или пак од сомнителна локација ќе му побара и телефонски број на кој да му ја испрати маил адресата од наставникот или административниот кадар. На тој начин ќе се заштитиме од тоа да ги даваме новите маил адреси на секого и дополнително, со цел да се заштитиме од тоа дека не станува збор за алгоритам кој ги собира маил адресите од наставниците и административниот кадар, доколку барањето за добивање на маил адреса доаѓа од IP адреса која е надвор од нашата земја, тогаш барателот на информацијата ќе треба да реши стандардна логичка задача, како што сме навикнати да гледаме, а прикажана на следнава слика, препорачува Рашковски.

Тој смета дека со овие 5 чекори ќе има двоен бенефит – мејловите се заштитени и огромни се шансите да дознаеме од каде доаѓале досегашните закани.

Слични се чекорите што може да се користат и за спречување на некој да остави заканувачко писмо во поштенските сандачиња пред куќа или долу пред зграда, пишува Рашковски и резимира: ако ги оставиме сандачињата надвор, нормално е непознати лица да ни уфрлаат се и сешто внатре.

На крајот ја додаде народната поговорка: Лекот е секогаш 5 пари.
Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...