16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаХрват казнет со 19 евра, оти му рекол на полицаец дека и...

Хрват казнет со 19 евра, оти му рекол на полицаец дека и овцата е попаметна од него.

Педест и едногодишен Хрват од Славонија, судот го прогласи за виновен оти на 22 октомври минатата година во писмена претставка му напишал на полицаец дека „и овца е попаметна од него“. Судот оцени дека обвинетиот сторил прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со омаловажување и навреда на полициски службеник при вршење на службената должност и изречена му е глоба од 19,91 евра, пишува Глас Славоније.

Казната треба да ја плати во рок од 30 дена од приемот на пресудата, а доколку во наведениот рок плати две третини од глобата која изнесува 13,27 евра, ќе се смета дека казната е целосно платен.

Во својата писмена одбрана, обвинетиот признал дека во писмената претставка против постапувањето на полицијата, меѓу другото напишал дека „овца е попаметна“ од еден од полицајците. Но, се бранел дека не сакал да го навреди полицаецот, посочувајќи дека е свесен за тежината на полициската работа бидејќи и неговиот вујко е полицаец.

Тој тврдеше дека наведената навреда ја напишал во афект бидејќи бил разочаран и вознемирен од начинот на кој полицијата се однесувала кон него. Тој побара од судот да му прости или барем да му ја намали казната бидејќи е во пензија и има мали примања. Судот утврди дека обвинетиот во изминатите три години не бил казнет за прекршок.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...