3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПациенти болни од Рак со месеци не можат да ги добијат резултатите...

Пациенти болни од Рак со месеци не можат да ги добијат резултатите од Магнетна Резонанца бидеќи нема кој да ги прочита- Министерот вели кога ќе ги покачиме платите ќе биде подобро !!!!

spot_img

Многу работа, а малку кадар. На овој начин поголг период функционираат голем број здравствени установи во државата. Фали медицински кадар од сите профили, но вработувања нема со години.

Скопската Брза Помош има итна потреба од 80 лекари и сестри како и дополнителен број на возила за да одговорат на потребите на граѓаните. За тоа, како што велат од службата, укажуваат и бараат скоро две години.

Ништо подобра не е состојбата и во битолската клиничка болница каде персоналот старее и одат во пензија, други помлади заминуваат од земјата и засега нема кој да ги замени бидејќи од 2021 не вработиле ниту едно здравствено лице.

-Моментално во болницата во Битола имаме потреба од околу 50 до 100 лекари на сите одделенија. Имаме на специјализација лекари ама тие ќе завршат за три години а и од останатиот персонал стареат и одат во пензија, така да моменталното работење е отежнато, вели д-р Александар Обедниковски директор на Клиничка Болница Битола.

Во битолската болница на испомош одат хирурзи од Скопје и од Прилеп за да ги пополнат празнините, а вработените лекари дежураат многу почесто бидејќи нема кој. Чести дежурства и кубурење со кадар има и во клиничката болница на истокот. Во најголемата здравствена установа во Штип накритично во моментот е на одделот за анестезија кој останува со тројца специјалисти како и ортопедија и очно.

-Изминатите две, две ипол години немаме примено кадар. Последното барање за вработување ни е од февруари. Бараме 50 вработувања за сите оддели каде имаме потреба како и согласно буџетот со кој располагаме, вели д-р Ален Георгијев директор на Клиничка болница Штип.

По одливот на лекари најмногу во приватниот сектор, 5 специјалисти и 18 сестри бара и Клиниката за детски болести, а десетина доктори се неопходни и на Институтот за рендгенологија каде пациенти со месеци чекаат да добијат резултат од магнетна резонанца и комјутерска томографија бидејќи нема кој да ги прочита.

На оваа фактичка состојба побаравме конкретни одговори од надлежното Министерство за здравство.

Но наместо со факти и бројки ни одговорија дека со зголемување на платите на здравствените работници за што сеуште преговарале со останатите институции ќе го задржуваат кадарот во државното здравство.

Со цел дополнително стимулирање и мотивирање на здравствените работници, а со тоа и спречување на одливот на кадар, што е тренд во светски рамки, во тек се повеќе континуирани активности за подобрување на статусот на здравствените работници.

Зголемувањето на платите на здравствените работници е еден од приоритетите на кој ќе се фокусира Министерството за здравство во претстојниот период. Министерот Меџити веќе одржа средба со синдикалните организации на здравствените работници на која се разговараше за актуелните прашања за регулирање на статусот на здравствените работници, а дијалогот продолжува со сите надлежни институции, како што се Фондот за здравствено осигурување, Министерство за финасии и Министерството за труд и социјална политика, во координација со Владата.

Според најновите податоци, во моментот има вкупно 20 илјади редовно вработени здравствени работници, соработници и административен кадар во јавното здравство, како и дополнителни 1800 лица ангажирани со договор на дело. Во постапка се и 33 барања за продолжување на работниот ангажман по стекнување право на пензија, од кои најголем дел ќе се одговорат позитивно.

Во однос на надополнување на кадарот во јавните здравствени установи, самите установи во континуитет доставуваат барања до надлежните установи (Министерство за финансии, ФЗО и МЗ) за добивање согласности.

Проблем во фунцкионирањето на клиниките се појави кога голем број лекари кои наполнија 64 години заминаа во пензија бидејќи не им беше продолжен договорот. Сега од здравство велат имале 33 барања за продолжување на работниот ангажман по стекнување на право за пензија и најголем дел ќе ги одговореле позитивно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...