16.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаБорел: Србија и Косово се договорија за анекс за нормализирање на односите

Борел: Србија и Косово се договорија за анекс за нормализирање на односите

Шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеф Борел даде изјава по денешниот маратонски дојалог меѓу Белград и Приштина во Охрид со посредство на ЕУ. Оба беше уште еден обид да се намалат децениските тензии меѓу двата соседа.

Тој изјави дека Приштина се согласила веднаш да ги спроведе договорите со европските партнери што ќе доведат до одредена самоуправа за српската заедница.

Борел, вечерва во Охрид изјави дека по 12 часа разговори Србија и Косово постигнале договор за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

„КОНЕЧНО, ПО 12 ЧАСА ИМАМЕ ДОГОВОР КАКО ДА ГО СПРОВЕДЕМЕ ДОГОВОРОТ ШТО СРБИЈА И КОСОВО ГО ПОСТИГНАА НА 27 ФЕВРУАРИ ВО БРИСЕЛ“, ИСТАКНА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ ЗА НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА.
Тој додаде дека не се работи само за Косово и Србија, туку и за мирот, безбедноста и просперитетот на целиот регион.

„КОСОВО И СРБИЈА МОРА ДА ГИ НОРМАЛИЗИРААТ ОДНОСИТЕ, НЕМА ДРУГ НАЧИН“, ДОДАДЕ ТОЈ.
Тој посочи дека на средбата било разговарано како и кога ќе се имплементира веќе договореното на претходната средба.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...