25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонија“Трите избркани медицински сестри се албанки а не македонки” Директорот на кумановската...

“Трите избркани медицински сестри се албанки а не македонки” Директорот на кумановската болница го негира пратеникот Петрушевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

“Трите избркани медицински сестри се албанки и ниту една од нововработените не е од ДУИ” Директорот на кумановската болница го негира пратеникот Петрушевски и го обвини за правење етнички тензии…
Ниту една од нововработените не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето, вели директорот Фарук Алили.

<

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вчера обвини дека во Здравствен дом Куманово на распишаниот оглас за вработување на медицински сестри вработени се само партиски кадри на ДУИ. Директорот на Здравствен дом, Фарук Алили, вели дека информацијата не е точна и дека вработувањата оделе преку Министерството за здравство и дека тој не можел да влијае врз оценките и знаењата на сестрите. Здравствениот дом неодамна распишал оглас за вработување на десет сестри на неопределено.

„Локалните СДС и ДУИ се договориле шест вработувања да бидат нови од ДУИ, а четири од СДС, кои веќе четири години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите десет од ДУИ, според мои извори, со поделени десет веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите десет вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС, Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ“, напиша пратеникот Петрушевски.

Тој ги повика институциите да го испитаат случајот, да го поништат огласот и да се вработат стручни и искусни сестри.

Директорот на Здравствен дом, Алили вели дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство, а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец.

– Не се вистините овие информации, пратеникот шпекулира. По нашето барање за вработување до ресорното Министерството кое после праќа на финансии одобрени ни се десет. Ниту една не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. Како јас да интервенирам кои се од ДУИ, кои од друга партија. Исклучиво се залагам за вработувања на стручни кадри, никако партиски, нам проблем ни е недостиг на сестри – вели Алиу.

Тој додава дека не се набркани Македонки, туку три медицински сестри Албанки. Според него недозволиво е во ова време да се игра на карта на национализам, но не негира дека десетте вработени се Албанки. Тој нагласи дека најголем дел од раководителите се Македонци.

– Пратеникот наместо да дојде да поразговара да праша што е потребно шири деизнформации и прави етнички тензии – вели Алиу.

Тој ги повика медиумите, инспекциите да го истражат случајот и кажа дека и сега аплицирале за вработување, бидејќи имаат недостиг на кадар за нови 16 вработувања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...