16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаСрам да ви е, апсите млади земјоделци: Протест во Карбинци откако полцијата...

Срам да ви е, апсите млади земјоделци: Протест во Карбинци откако полцијата пронашла 15.500 стебла Марихуана.

spot_imgspot_img

На подрачјето на општина Карбинци, Штипско, полицијата ги приведе Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, Штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тони марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
После оваа голема полициска акција жителите на село Карбинци и роднините на сега приведените излегоа масовно на протест.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...

Ѓурѓај ги повика Македонците кои што живеат во Албанија масовно да излезат !!!

Николај Ѓурѓај, претседател на Здружението Илинден во кое што членуваат најголем дел од Македонците кои што живеат во Албанија, со јавна поддршка за кандидатката...

ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК !!!

За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски...