19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаОхриѓанец се повредил при пад во шахта, тужел и сега тој треба...

Охриѓанец се повредил при пад во шахта, тужел и сега тој треба да плати оштета од 200 илјади денари на ЈП „Нискоградба“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охриѓанецот Илија Џепароски на ЈП „Нискоградба“ треба да и плати оштета од двесте илјади денари за изгубен спор кој го покренал по случка на улицата „Јане Сандански“, каде паднал во отворена шахта. Објаснуваќи го случајот, Џепароски вели пред околу една година на улицата разминувајќи се со луѓе пред продавницата Рамстор, паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, поради кои шест месеци одел по болници, со лонгета на ногата. Вели дека се чувствува и како лице со инвалидитет- Пишува ОхридЊус

<

Случајот го дадов на суд. Прво од ЈП „Нискоградба“ пробаа да се договорат со мене, но јас не прифатив и ги дадов на суд. Но, за жал во овој суд се уште има судии кои не ни дозволуваат да ја истераме правдата. Јас ги тужам за паѓање во отворена шахта, спорот го губам. Случајот го водеше судијата Богоја Стрезоски. Не само што не добив оштета, туку го изгубив и спорот и сега јас сум во ситуација што треба да платам отштета на претпријатието „Нискоградба“.

Судијата вели по брза постапка го решил случајот, изразувајќи сомневање дека во позадина има некаков договор.
За повеќе детали ТУКА/ OhridNews
Судот не ги зеде во предвид нашите докази, не ги зеде предвид ниту видео снимките од камерите за надзор од маркетот, фотографии од шахтата, повика само еден минувач кој ме крена од шахтата. Пресудата беше со едно образложение, дека сум морал да гледам кај одам. Да биде уште поголем апсурдот, по губењето на спорот во Охридскиот суд, се жалевме во Апелациониот судот во Битола. Во пресудата пишува дека шахтата била обезбедена. Никаде во случајот не се водеше дека шахтата е обележана, јас паѓам во необележана шахта. Да беше обележана немаше да паднам. Ова е најголемата неправда, едно е на рочиште, а друго се пушта во дописот во Битола. Ги повикувам судијата и вештаците уште еднаш да ми кажат дали шахтата беше отворена или не, зошто ако беше затворена јас немаше да паднам во неа. Шахтата беше од метал, на нејзе имаше фрлено камења и околу 60 сантиметри беше отворена. И два дена по случката ЈП „Нискоградба“ ја санираше шахтата, вели Џепароски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...