17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби се пофали, тој ќе го води македонскиот спорт

Груби се пофали, тој ќе го води македонскиот спорт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Агенцијата за млади и за спорт (АМС) ќе се припои кон Министерството за политички систем и односи со заедниците, се пофали на „Топ тема“ првиот вицепремиер Артан Груби, кога гостуваше во телевизијата „Телма“.

<

На државата очигледно не и е грижа во која насока се развива македонскиот спорт. Поминаа многу години од осамостојувањето на државата спортот да добие свое министерството. Проф. д-р Георги Боев беше првиот и единствен министер за млади и за спорт, кој беше дел од владиниот кабинет на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. Подоцна, Министерството стана државна Агенција, а сега ќе биде дел од Министертвото за политички систем и односи со заедниците.

Груби во интервјуот на „Топ Тема“ го потврди тоа што од јуни се шпекулира за претопувањето на АМС, откако беше запрашан за спортувањето со дел од колегите во неговиот кабинет и спортските реквизити кои ги добил од федерациите.

Голчето ми се подарок од Фудбалската федерација на Македонија, исто така и топката. Баскетот ми е донација од Перо Антиќ од претседателот на Кошаркарската федерација. Ракометната топка е од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. Значи се се тоа донации од државни институции, затоа што со предлогот за реорганизација на органите на државната управа, кое што го предлага Министерството за инфоерматичко општество се предвидува Агенцијата за млади и спорт да биде дел од Министерството за политички систем, кое ќе прерасне во министерство кое ќе ги претставува интересите на сите етнички групи, на млади, спорт, на невладини итн, рече Груби.
АМС и директорот Мојсоски неодамна се најдоа на удар на антикорупциската комисија со обвиненија за криминал околу доделувањето на спортските ваучери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...