21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСредба на министерот Спасовски со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на...

Средба на министерот Спасовски со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н.Е. Ерик Мејер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Средба на министерот Спасовски со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н.Е. Ерик Мејер

<

Денеска, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски оствари работна средба со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н.Е. Ерик Мејер, на која Спасовски до заменик Шефот на Мисијата Мејер и членовите од делегацијата упати благодарност за досегашната соработка и поддршка на Соединетите Американски Држави години наназад конкретно во делот на зајакнување и модернизирање на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

Во делот приоритети и цели на Министерството, министерот Спасовски ги посочи борбата против сите облици на организиран криминал и борбата против тероризмот, за што констатираше дека овие цели успешно се спроведуваат а постигнатите резултатите се на високо ниво.

Заменик Шефот на Мисијата Мејер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...