13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНа автопатот Тетово-Скопје возило удрило и усмртило мечка, возачот пренесен во болница

На автопатот Тетово-Скопје возило удрило и усмртило мечка, возачот пренесен во болница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ноќеска четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот со иницијали В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

<

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, често пати животни, претежно кучиња – скитница, како и мечки, волци и лисици, овци и коњи, зајци го преминуваат коловозот, предизвикувајќи сообраќајни несреќи.

Од СВР – Тетово велат дека главен проблем е необезбедениот автопат каде често пати заштитната мрежа или ја нема или е оштетена и животните слободно се движат по автопатот.

Оттаму со апел надлежните да ги контролираат патиштата и истите да бидат обезбедни со соодветна мрежа, за да се избегнат вакви сообраќајни несреќи.Во текот на една година според статистиката на полицијата се регистрираат над 100 сообраќајки – предизвикани од животни..
Слободен Печат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...