0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи Вело Марковски за Јаничка: На мало и недоволно дехидрирано дете...

Се огласи Вело Марковски за Јаничка: На мало и недоволно дехидрирано дете не му се дава инфузија одеднаш

spot_img

Докторот Вело Марковски се огласи на социјалните мрежи по смртта на шестгпдишната Јана во битолската болница. Неговото толкување е дека последиците се фатални кога на недоволно дехидрирано дете одеднаш ќе му се вбризга големо количество на инфузија.

„Значи умерено дехидрирано дете веќе е поспано, отсутни се солзим урина има малку и концентрирана темна. Тешко дехидрирано дете е сопорозно (силно поспано) не реагира на дразби, нема солзи, нема урина… Само во случај на умерена и тешка дехидрираност е оправдано давање на инфузија. Кога има дете (или возрасен) кое е лесно дехидрирано, што се гледа од клиничка слика, плаче со солзи, има мокрача, свесно е, пулсот и бројот на ресирации се нормални, очите не се вовлечени, лигавиците (јазикот) се влажни рехидрирањето оди ПЕРОРАЛНО (преку уста).

Нагло давање на поголеми количини на течност во вена доведуваат до прехидрирање (хиперволемија). Со вазодилатација на вени (проширување) се амортизира некое време. Вишокот на течност треба да го исфрлат бубрезите, во спротивно настанува белодробен едем и смрт за десетина минути и/или едем на мозок што ќе се манифестира со повраќање во млаз поспаност, кома и смрт. Волуменот на циркулација кај возрасен е околу 7% од телесната тежина (околу 5-5,5л). Кај новородени волуменот е поголем 13-14%, кај деца од 1 година околу 11% од телесна тежина. Значи на дете од околу 15 кгр волуменот на циркулација е помалку од 1,5 литар. Нагло, брзо давање (во рок од 1 час) на третина од волуменот (500 мл) на дете кое е лесно дехидрирано (или не е дехидрирано) ќе доведе до прехидрирање со тешки последици.

За појсано, истото ќе биде ако на возрасен кој е лесно дехидриран (или не е дехидриран) за еден час преку вена му дадеме 30 % од волумениот на неговата циркулација (30% од 5 л) што би изнесувало 3 инфузии од по 500 мл за еден час??? Исто ќе дојде до нагол скок на притисок, едем на мозок, едем на бели дробови, и смрт доколку веднаш не се намали волуменот со давање силни диуретици или венепункција и пуштање да истече одредена количина на крв“, напиша Марковски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...