16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВработените во МВР ќе добијат покачени плати за 3086 денари

Вработените во МВР ќе добијат покачени плати за 3086 денари

Се зголемуваат платите на полициските службеници и сите вработени во МВР, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Во стилот на старата мудрост „Тивка вода брег рони“, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Со денешната одлука на 140 седница на Владата, зелено светло доби предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април.

Спасовски укажува дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5% за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 издејствуваме зголемувања на платите за сите вработени.

-Покрај ова, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани. Истовремено, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, досега доброволно исплативме бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е прибирањето на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40% на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари, посочи министерот.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...