25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМуцунски ќе го донира на „уставобранителите“ зголемувањето на плата што им го...

Муцунски ќе го донира на „уставобранителите“ зголемувањето на плата што им го подари Уставен на функционерите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ќе го донира во хуманитарни цели зголемувањето на платата кое ќе го добијат сите јавни функционери, откако Уставниот суд укина два члена од Законот за плати и надоместоци, со што основицата за пресметување на плата се зголемува од 26.000 на 47.700 денари. Муцунски напиша на фејсбук дека разликата во неговата плата ќе ја донира на семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите.

<

„Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите за носители на јавни функции. Јас морам да ја почитувам таа одлука бидејќи е донесена од страна највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија. Но, можам разликата да ја донирам и тоа со задоволство ќе го направам.
Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивните вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите.
Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства што секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми.
Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример“, напиша Муцунски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...