13.3 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаМерко за кучињата скитници: „Ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња,...

Мерко за кучињата скитници: „Ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња, да колиме овци, овни, да тепаме диви животни зошто не и кучиња?! (Видео)

spot_imgspot_img

Општина Охрид денеска беше домаќин на деветтата редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На седницата беа присутни градоначалниците на општините од регионот, претставници на општинската администрација и претставници на Центарот за развој на југозападниот плански регион.
На седницата беше презентирана информација во врска со реализацијата на тековни проекти, а се разговараше и за проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион и регионално решавање на проблемот со кучиња скитници. Оваа точка ги потикна градоначалниците да си кажат своите маки, а најгласен беше градоначалникот на Струга Рамиз Мерко- Пренесува Охрид1
„Зошто зборуваме за изградба на стационари, а не зборуваме за измени и дополнувања на законот за животни. Со „инцидентите“ кои се случија во Струга имавме многу препукувања, но и самиот премиер во изјава кажа: „Ќе побараме средства од ЕУ да направиме еден центар за згрижување на кучиња“. Верувам дека секој центар кој би се направил индивидуално неможе да се справи со проблемот со кучињата скитници, зошто тогаш ќе има дотур, или налив на кучиња од таа општина или од тој центар. За да им замаглиме очи и на медиуми и на државата ние како општина издоивме околу 600 000 денари направивме тендер на кој се јави едно прифатилиште од Куманово и прифати околу 70 кучиња. Но гледаме пак нови кучиња“, дециден беше Мерко.

Тој додаде дека доколку се грижиме само за кучињата не е во ред. „Ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња, да колиме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувема кучињата. Да, нека ги чуваат оние ги имаат дома, се друго неможе да се чува. И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично? Луѓе се убиваат па некој не сноси одоворност, кучиња се убиваат па треба градоначалниците да сносат одговорност.Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видувања но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо „Ми рече еден во Мислешево јас наполнав цел трактор. Напаѓаа на стока, напаѓаа на луѓе“, истакна Мерко.
извор: NEWS1.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...