28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЦрвена Младина: Бубачки во храната во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во...

Црвена Младина: Бубачки во храната во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Три недели студентите наоѓаат бубачки во храната во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. Во известувањето кое пристигна до Црвена Младина – Охрид, а е напишано од дел од студентите, во прилог е испратена фотографија на која што јасно може секој да види дека храната која што е послужена во студентскиот дом е полна со инсекти. Сличен случај имало и претходно кога студентите пронашле црви во лебот. Ова е сериозен сигнал за микробиолошка опасност од патогени микроорганизми и извор на болести предизвикани од нечистата храна и во никој случај не смее да се консумира.

<

 

По пријава на студентите до директорот во домот, Жарко Куциноски, тој дрско им одговорил: „Вие ги внесувате инсектите преку облека!“ што укажува дека е во позиција на моќ каде што институциите не му можат ништо – дури и кога за поплаките постојат конкретни докази.

 

Студентите пријавиле и до Агенцијата за храна и ветеринарство и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, но од таму велат дека наводно пријавата не била прецизирана и не биле моќни да реагираат што е показател за нивната елементарна нефункционалност што укажува дека не се кабожни своите инспекциски служби ниту да ги извршат редовно со ненадејни контроли дури и по пријава на конкретен случај кога има видлива нечистотија. А за невидливата нечистотија составена од микро-организми и контаминацијата пренесена преку коса, нос, уста, уши, природни отвори, накит, прибор за пушење не може да очекуваме Агенцијата за храна да си ја извршува својата работа.

 

 Во секоја нормална држава одговорноста за безбедноста и квалитетот на храната ја презема менаџерскиот тим  на фирмата и токму затоа, Црвена Младина – Охрид ги повикува АХВ и инспекторатот беспрекорно да ја проверат хигиената во целиот студентски дом. Оваа институција во јули и август кога нема студенти, конкурира на листата на сместувачки капацитети во туристичкиот центар Охрид за што туристите плaќат за престој.

 

 Црвена Младина – Охрид го повикува директорот Куцунски да побара одговорност од кујната и оние што се задолжени да го применуваат системот за безбедност и сензорен квалитет на храната, во спротивно ќе бараме негова оставка!

Со почит, Црвена Младина Охрид
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...