На 3.4.2023, во 18 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на местото наречено Бегова Ливада, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со шведски национални ознаки, управувано од Р. Т. (45) од Прилеп, и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи- јавува МакФах
Во несреќата тешки телесни повреди добил Р. Т., а телесни повреди добиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп.