16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби ја поклони маичката со 8-ка на новинар кој прашуваше дали му...

Груби ја поклони маичката со 8-ка на новинар кој прашуваше дали му ја испечатиле „Арбериа дизајн“

Вицепремиерот, Артан Груби, на денешната свеченост по повод отпочнување на изградбата на Коридор 8 се појави со маичка во стилот на проектот, една 8-ка и две линии кои треба да ги одбележуваат делниците. На настанот присуствуваше владиниот состав, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, а Груби се однесуваше како домаќин. Тој сепак не одговори на прашањето дали маичката му ја испечатила фирмата „Арбериа дизајн, фирма која изминативе 10 години земала речиси 180 тендери од институции раководени генерално од кадар на ДУИ.

На прашањето на новинарот од „360 степени“, кој забележал дека возилата на „Арбериа дизајн“ биле паркирани околу бината, Груби наместо одговор му ја подари маичката.

Дајте радувајте се ве молам, радувајте се, се гради во државава, сите ќе имаат работа, ќе биде добро за цело општество, за сите граѓани, мислам дека маичката можам и да ви ја подарам – рече Груби.

За потсетување „Арбериа Дизајн“ лани беше ангажирана од министерството со кое раководи Груби за да ја организира прославата за годишнина од Рамковниот договор. За оваа цел беа потрошени 80.000 евра.

Речиси милијарда денари чинат 180 тендери кои оваа фирма ги добила од државата. Највредни од овие тендери се договорите со МОН за набавка на учебници.

„Фокус“ во новиот број објавува дека тетовската компанија за издавање, печатење и дизајн постои од далечната 1998 година, меѓутоа нејзиниот подем почнува пред десетина години, кога истовремено почнува и да соработува со државни институции и јавни органи, главно раководени од кадри ДУИ, на чија сметка легнала и една донација од оваа компанија.

Оваа компанија се јавува како најголем донатор на ДУИ за 2015 година со 20.000 евра, извештај доставен и до Државниот завод за ревизија.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...