17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: Презентирана снимка од тепањето на Христијан Пендиков

ВИДЕО: Презентирана снимка од тепањето на Христијан Пендиков

Охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид.

„На прикажаната снимка се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака во висина на лицето. Истото лице му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот“, образложи обвинителката.

Адвокатот на обвинетиот Спасески побара судот да не го прифати објаснувањето на обвинителството дека неговиот клиент е напаѓачот затоа што не може да се утврди идентитетот и на другите двајца на видео-снимката.

– Обвинителката не покажа дека лицето кое го тепа Пендиков е обвинетиот Спасески. Пендиков во интервју за бугарска телевизија различен исказ во однос на она што се гледа на снимката. Тој тврди дека бил удиран со нозе, но тука се гледа дека е удрен еднаш со нога. При немање доказ врз основа на кој може да се утврди идентитетот на другите две лица, судот не треба да го прифати наводот на обвинителот дека напаѓачот е лице кое личи на Илија Спасески – рече адвокатот на обвинетиот Димитар Цобоски.

Судијата Бојан Мартиноски рече дека мора да се испита оштетениот за да се расчистат сите дилеми во однос на различните искази.
Ќе го испитаме Пендиков, верувам дека ќе дојде и ќе ги расчистиме сите дилеми во однос на неговиот исказ. Во негов интерес е да се појави затоа што е клучен сведок – рече судијата.

Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, претходно рече дека не се чувствува за виновен во случајот Пендиков во кој е обвинет дека заедно со уште едно лице го претепале охриѓанецот.
– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид кој го води судијата Бојан Мартиноски.

На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди.

Неговиот адвокат Димитрија Цобоски рече дека обвинетиот Илија Спасески бил мирно момче кое работи како професор по физичко во училиште и учествува во образовен процес и дека досега не е осудуван и против него не се води постапка.

Јавниот обвинител во случајот со нападот на Христијан Пендиков во Охрид остана на ставот дека ќе успее да докаже дека охриѓанецот бил претепан од обвинетиот Илија Спасески и негов пријател поради тоа што се чувствувал Бугарин, објаснувајќи го во детали инцидентот. ВИДЕО ТУКА-А1 он

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...