14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаИ по 235 дена нема фабрика за автомобили, само празна нива во...

И по 235 дена нема фабрика за автомобили, само празна нива во Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чијашто градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена.

<

Потпишаа договор за фабрика- инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот.

Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку.

Нема ништо, празна нива посеана со лаги.

СДС и ДУИ се церемонијал-мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.

Ковачевски и неговиот газда Ахмети сега треба да одговорат каде е фабриката? Каде се 890 работници? Каде се автомобилите произведени во Македонија?

Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?

Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестиции воопшто да нема?

Ќе се послужам со пораките на Ковачевски од тука пред точно 235 дена:

Ова е иднината со СДС и ДУИ, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Ова со нив е иднината и на образованието. Вакви инвестиции и вакви фабрики како оваа зад мене што не постои

Ова е сликата за влогот на СДС и ДУИ за идните генерации. Од лага во лага!

Велеа дека ОВА е “инвестиција што носи промени животот во локалната заедница, и дека ќе даде силен стимул на економијата и значајна референца за државата во привлекување на странски инвестиции”!

Е оваа празна нива место фабрика по 235 дена е вистината за владеењето на ДУИ и СДС, ова е сликата за иднината со нив, скапи церемонии и свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС, и празни плацеви, наместо фабрики.

Само избори се спасот од тонењето на Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...