4.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВиолета Томовска: Без размислување одлучив да ги отстранам двете гради за да...

Виолета Томовска: Без размислување одлучив да ги отстранам двете гради за да го победам Ракот !!!

spot_img

Одеднаш ми кажаа дека имам рак на двете дојки, а ништо не чувствував. Имав тогаш среќа, ме поврзаа со Љубљана и веднаш отидов да се оперирам. Лекарот остави на мене да размислам што ќе направам, а јас решив да ми ги отстрани двете дојки наеднаш. Не беше премногу зафатено местото, а знаев дека може да се повтори. Веќе имав две ќерки, сопруг, бев реализирана. Фала Богу сега немам ништо. А тогаш примав и слаба хемотерапија, морав зашто ги отстранив дојките“, раскажува во интервју за CRNOBELO.com една од омилените дами на македонската фолк-музика Виолета Томовска.

Елегантна, одмерена и насмеана – Виолета Томовска е вистинска дама.

Пејачката, која на 28 март наполни 78 години, едноставно зрачи со позитивна енергија. Нејзиното присуство не поминува незабележано, без оглед дали е на сцената, во некоја просторија или додека шета по улица.

Виолета Томовска ја поседува онаа посебна харизма поради која публиката ја обожава и неа, а не само нејзините песни.

Ништо поразлична не беше ни овојпат. Кога ѝ кажав дека сакам накратко да поразговараме за CRNOBELO.com за нејзината кариера, таа се насмеа, па ми вели: „Ама, јас имам толку многу да ти раскажам, како накратко“.

Виолета Томовска е цели 63 години на музичката сцена. И по сето ова време, таа е една од водечките дами на македонската фолк-сцена. Скромно, но искрено вели дека никогаш не очекувала да има толку долга и успешна кариера.
„Ние бевме многу скромни како генерација, како музичари. Си помагавме меѓу себе. Сите твореа, работеа. Јас никогаш не сум размислувала за тоа дека ете, еден ден ќе бидам пример на помладите колеги. На почетокот само сакав да пеам“, искрена е Томовска.

Виолета на почетокот пеела забавни песни. Својата прва песна ја снимила 1960-та година во Радио Скопје, „Го љубам до најмалите звуци“ од Димитар Масевски.

Истата песна пред неа ја снимила и Нина Спирова, но Масевски инсистирал и таа да ја испее. Виолета тогаш имала само 15 години.

„Си реков, Нина Спирова ја пеела, како сега јас. Ама Масевски ми вели: ’Мора да ја снимаме и со тебе‘ и така направивме. Таа снимка постои и ден-денес. Е, во тоа време во Радио Скопје постоеше и народна и забавна редакција. Од забавната редакција ме викнаа да ми кажат дека мојата снимка ќе оди на радио и веќе размислуваа за друга песна.

Му се јавија на Александар Џамбазов, и јас ја снимив ’Пелистерски очи‘, која се води како моја прва официјална песна“, ни раскажа Виолета во разговорот.

На почетокот таа настапувала ретко. Па вели:
„Многу наши пејачи отидоа во Загреб, во Белград… Ние што останавме имавме можност да размислуваме за концерти еднаш годишно, па патувавме со забавниот оркестар низ Македонија. Тогаш диригент беше Драган Ѓаконовски Шпато.

Јас во тоа време, за среќа, почнав да пеам и народни песни. Е, со народните, успеав веднаш да се појавам на сцената.

Но, некако во тоа време се случи и земјотресот во Скопје, во кој загина мојот вујко Благој Петров – Караѓуле, и по неговата смрт јас не пеев долго време. А бев ученичка во четврта година средно.

Неколку години подоцна почнав да пеам со Кирил Манчевски во КУД ‘Орце Николов’, а во исто време работев и со ансамблот на Гоце Џуклески.

Во еден момент со ‘Танец’ тргнавме на турнеја низ СФРЈ. На концертот во Белград беа дојдени луѓе од продукцијата на РТБ. Го слушнаа дуетот што го пеевме со Кирил и ни понудија песните што ги пеевме да ги снимиме за нив.

И така станавме нивни ексклузивци. Тоа беше моментот кога решив да продолжам само со народните песни“, се сеќава Томовска на своите почетоци.

За да одбележи 60 години од снимањето на првата песна, во 2020-та година, Виолета сакаше да направи јубилеен концерт. Но, од идејата се откажа и поради короната, и затоа што никој не го поддржа проектот.

Не крие дека е по малку разочарана од тоа.

„Државата не дава пари за нас. А јас никому не должам ништо. Пеам доста долго, па можеби е и доволно.

Инаку, направив еден концерт во 1990-та година, се викаше ’30 лета со Виолета’. Тој концерт го спонзорираше Собранието на РМ, во време кога Стојан Андов беше претседател. Но, потоа веќе беше тешко да се организира концерт.

Во 2020-та година еден сериозен менаџер зеде материјали од мене. Му викав да не бара пари, го молев да не правиме концерт.

Ама тој беше упорен и направи фантастичен проект за да ме претстави во Министерството за култура и од нив да добиеме одредена сума на средства. Рече дека кога ќе ни дадат тие пари, останатите средства ќе ги бара од спонзори.

Не му дадоа ни денар. Ми се јави разочаран. Му кажав дека му верувам, дека не се лутам“, вели фолк-дивата.

Линк https://rb.gy/rvv4j CrnoBelo

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Македонија Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој Автор: Деск 4NEWS.MK 26/12/2024 13:07 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои

На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои...

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...