8.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши во вторник ќе ги зголемува Замрзнатите Цени- Поскапел увозот

Бектеши во вторник ќе ги зголемува Замрзнатите Цени- Поскапел увозот

spot_img

Ќе поскапат некои од производите со замрзнати цени оти поскапел увозот. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека во вторник следната недела ќе има корекции на некои од цените откако утврдиле дека увозниците пријавиле поскапи цени во Царинската управа.
Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната јавува МакФах
Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално на тоа намалување ќе се намали и цената на тој производ. Ако е истата, ќе остане истата. Генерално нашиот увоз е од Грција, Труција, Албанија и од Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, следниот вторник Владата ќе ги ревидира замрзнатите цени. Ќе има кај одредени производи многу мало зголемување, како највисока цена на овие производи, но никако нема да има во малопродажба цени како пред десетина дена кога се движеа околу 130 – 140 денари па отидоа и до 150 и погоре. Цена на овошје и зеленчук за производите кои беа наведени во одлуката, нема да има поголема од 100 денари, за што дополнително ќе ја информираме јавноста“, рече министерот Бектеши.

Во вторникот, оваа недела, Владата донесе одлука со која свежите домати не може да се продаваат за повеќе од 70 денари, свежите краставици не може да се продаваат повеќе од 75 денари, кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, карфиолот не може да се продава повеќе од 7о денари, зелените пиперки не може да се продаваат повеќе од 90 денари, гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата не може да се продава повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 75 денари, портокалите не повеќе од 55 денари, мандарините не повеќе од 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари. Дел од овие производи ќе имаат нови цени поради новите увозни цени пријавени во Царинската управа иако во одлуката стоеше дека цените треба да останат до крајот на месецот. веќе на почетокот на следниот месец се очекува домашното производство на пазарот кое треба дополнително да ги намали цените на производите.

Министерот Бектеши потсети дека податоците кои ги има Министерството за економија за фиктивни фактури за увоз на овошје и зеленчук дека ќе ги достави до сите надлежни институции, но и дека ќе ги објави за да ги поттикне институциите да постапуваат. Министерот обвини дека многумина од големите увозници едни фактури пријавувале во Царинската управа, а други со помали цени имало во компаниите каде што плаќаат. Побара надлежните институции да истражат и нагласи дека казната за затајување данок над 10.000 евра е кривично дело.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...