1.9 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаУченичка од Прилеп најдобриот пишувач на есеи на англиски во светот

Ученичка од Прилеп најдобриот пишувач на есеи на англиски во светот

spot_img

Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место во светот на меѓународниот натпревар или уште како што се нарекува Олимпијадата за англиски јазик, Hippo, во новоформираната категорија за пишување на есеи.

<

Златаревска вели дека отсекогаш го сакала англискиот јазик, а ова не и било прв пат да биде учесник на Hippo, но за прв пат освојува награда.

„Првата година кога учествува не влегов во полуфинале само за пола поен. Иако се чувствував тажно, сепак зедов храброст и реков дека додека не успеам нема да престанам да учествувам. Оваа година пак учествував во натпреварот Хипо и пак не влегов во полуфинале за 1.5 бода. Пак бев малку тажна, но кога дознав дека сум прво место за есеи, сепак бев среќна“, рече Софија Златареска, ученичка од ООУ „Климент Охридски“.

Есеите биле со тематика поврзана со искуствата на децата со учеството на Hippo натпреварите. Целиот есеј на Златареска бил пововрзан со Вања Ѓорѓиоски, исто ученик од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кој лани на овој натпревар го освои првото место на светското финале кое се одржа во Рим, Италија.

„Ми даде мотивација за јас ако не поминам оваа година, сепак секогаш имам друга година за да учествувам. Тој ми беше мотивација за да учествувам“, додаде Златареска.

Нејзината менторка, наставничката Зорица Трајаноска особено горда на овој успех на Златаревска.

„И целта на организаторите е да создадат книга со сите есеи од учесниците на Хипо, кои потоа ќе користат и на учениците и на наставниците како наставно средство“, истакна Зорица Трајаноска, наставничка во ООУ „Климент Охридски“.

Со сите овие награди на светско ниво, ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп докажува дека е вистински расадник за млади таленти кои одлично го познаваат англискиот јазик.

„И со тоа радува фактот што станавме поим за јазици како училиште, а тоа е доказ дека имаме висококвалитетен кадар“, изјави Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“.

Ученицитен од ООУ „Климент Охридски“ ги собраа скоро сите награди и на општинскиот натпревар по англиски кој се одржа пред 3 недели.
Сител.Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...