15.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСопственикот на кучето кое уби дете нема да одговара кривичнo-Кучињата биле под...

Сопственикот на кучето кое уби дете нема да одговара кривичнo-Кучињата биле под надзор на ветеринар и на самата врата имало знак “Внимавај Куче”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител извршил увид на местото на трагедијата што се случи синоќа во скопската населба Пинтија, кога куче до смрт искаса осумгодишно дете. Детето со повреди на главата и вратот веднаш било пренесено во болница, но по пат искрвавeло од повредите.

<

Се уште се собираат информации за трагедијата, a телото на детето е предадено на обдукција. Од Обвинителството засега само информираат дека се преземаат дејствија за испитување на целиот настан и нема информации дали ќе има некаква одговорност за инцидентот.

Сопственикот на кучето кое било од расата англиски бул мастиф синоќа бил повикан на разговор во полиција, но засега други информации нема.

Она што се знае е дека во дворот во куќата имало две кучиња, семејството на детето и семејството кое ги чувало кучињата биле соседи и во добри односи. Кучињата биле во дворот, не биле надвор, а детето влегло само во дворот на соседите, попладнето.

Според неофицијални информации, во домот немало никој, па најверојатно ќе се испитуваат повеќе аспекти дали ќе има некаква одговорност.

Адвокатот Јанаки Митровски за „Фокус“ вели нема многу детали за овој трагичен настан, но првично не очекува да има кривична одговорност за сопственикот на кучето.

-Врз основа на она што е пласирано во јавноста од медиумите, Кривичниот законик не предвидува кривична одговорност за сопственикот.

Законот за заштита и благосостојба на животните од друга страна предвидува прекршочни одредби бидејќи е задолжителен прво, знак пред секоја куќа и двор каде има куче, а второ за опасни кучиња дури и кога се во двор, овој Закон стимулира чување во заграден простор.

Не би можел да ви одговорам дали посочената раса спаѓа во категоријата опасни, и би Ве упатил да прашате ветеринар или експерт од областа. Прекршочните глоби во Законот се смешно мали, но било каква глоба е мала утеха за семејството на починатото дете на кое како родител на осумгодишно момче му упатувам најискрено и длабоко сочувство, објаснува Митровски за „Фокус“.

Митровски додава дека сопственикот на кучето е граѓански одговорен за наместот на штета, конкретно за душевна болка поради смрт на блиско лице, но повторува, дека и ова не е никаква утеха за семејството.

Засега нема реакција за трагедијата од здруженијата за заштита на животните, на нивните фејсбук страница има повици и благодарност за згрижување на кучиња.

Пред извесно време во Србија глутница кучиња до смрт искасаа поранешен новинар, а жената којашто била задолжена да ги чува и храни кучињата беше уапсена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...