17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаРасчинување на владиката Петар, бараат од г.г. Стефан борци за човекови права

Расчинување на владиката Петар, бараат од г.г. Стефан борци за човекови права

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Разрешување на владиката Петар од должноста Митрополит и негово целосно расчинување заради повреда на Уставот и повреда на основните човекови права и слободи, бараат од Поглаварот на МПЦ ОА г.г.Стефан и Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ОА-Јустинијана, активисти за човекови права групирани во Платформата за родова еднаквост.

<

Од таму велат дека ова барање произлегува од „непоправливоста на Митрополитот Петар во своето однесување, со кое произнесува ретроградни и антицивилизациски ставови кои се спротивни на христијанството како религија.“

Тие бараат и да се активира Одлуката на САС на МПЦ за расчинување на Митрополитот г.Петар донесена од Синодот под претседателсво на г.г. Гаврил која е извршна и е стапена во сила на денот на донесувањето 14 јуни 1990 година.

„Длабоко сме загрижени од неодамнешната изјава на владиката Петар во врска со правата на жените и нивната положба во современото општество. Иако го почитуваме неговото право на сопствени мислења и верувања, не можеме да прифатиме дека феминизмот е опасна и деструктивна идеологија. Родовата рамноправност е основно човеково право кое е вградено во меѓународната правна рамка и е од суштинско значење за создавање на еднакво општество. Жените и девојките ширум светот и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и маргинализација, а феминистичкото движење, предводено од жени и сојузници, има клучна улога во оспорувањето на штетните родови норми, преку застапувањето за родова еднаквост“, велат активистите.

Изјавите на владиката, велат од таму, дополнително ја зајакнуваат дискриминацијата кон жените.

„Изјавите како онаа на Владиката Петар единствено служат за овековечување на штетните родови стереотипи и ја зајакнуваат дискриминацијата на жените. Со сугерирањето дека жените кои ги бараат своите права треба да бидат подготвени да извршуваат повеќе должности, владиката Петар во суштина тврди дека жените треба да бидат казнети затоа што се залагаат за сопствените права. Ова не само што е длабоко неправедно, туку е и спротивно на принципите на еднаквост и правда што сите ние се стремиме да ги почитуваме“, додаваат од платформата.

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 28 организации и мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...