17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаборавени од институциите – Татко и ќерка од Битола со сериозни здравстевни...

Заборавени од институциите – Татко и ќерка од Битола со сериозни здравстевни проблеми живееат во ужасни услови.

– Заборавени од институциите – татко и ќерка од Битола со сериозни здравстевни проблеми живееле во ужасни услови –

Заборавени од сите, тешко болни и неподвижни, гладни и жедни, неизбањати којзнае од кога и „врзани“ за своите кревети заради сериозно нарушеното психо-физичко здравје, татко и ќерка од Битола, живееле „заробени“ во својот стан.
„Да побарате за јадење да ни донесат. Никој, жив човек не влегува, е вака, двајцата. Некој донесол и останало малце, ама го чуваме за другиот ден, нема што да јадеме, нема што да се напиеме. Никој не иди, ми ги зедоа парите и ме оставија еве вака на улица да питам за јадење, ми ги зедоа парите..“, – едвај разбирливо кажува Алекса Сидоровски.
Тешко-подвижниот Алекса заради скршениот колк, не можејќи повеќе да го издржи ужасот, со лизгање по оградата од скалите, успеал да се симне од станот на третиот кат за да побара помош. Неговото запомагање го слушнала случајна минувачка која му помогнала да се врати дома. А таму, хоророт кој што го видела, вели не се опишува со зборови.
„Кога влегов во станот, видов девојче, голо завиткано во чаршав, легнато на најлон на креветот. Целото во измет и мокрача, голо, со инфекција на окото десно затворено. Се удираше по главата, а кај што се удираше – немаше коса, имаше голем хематом. Видов дека се гладни. Девојчето кога му даваш храна, вода – слуша, ама очигледно беше дека е без терапија, без грижа. Им дадов да јадат, донесов од дома што можев и им помогнав“, – вели минувачката која сакаше да остане анонимна.
Веднаш се обратила и до надлежните институции. Но тука, вели го доживеала најголемото разочарување. Од Брзата помош и’ рекле дека тие не биле за кревање луѓе од по улици, а додека од Социјалното, дека им бил познат случајот и дека таквиот начин на живот бил личен избор на Алекса.
„Значи, скитник да е, не треба така да се остави, а не да се остави човек кој работел години. Си зема 1.000 евра странска пензија, негов стан е. Некој го злоупотребува. И живее под секакво човечко достоинство. Внатре, тоа што најдов во овие 4 дена е страшно нешто. Луѓе, не знам како спијат и како можат да живеат во онакви услови, а никој да не води грижа“, видно вознемирена раскажува нашата соговорничка.
Според кажувањето на Алекса, обврската за да се грижи за нив ја презела извесна медицинска сестра Ана од Ургентното одделение. Меѓутоа, таа не се појавувала со денови, а не му одговарала ниту на телефонските повици. Само одвреме-навреме праќала некоја жена. Благодарение на упорноста на минувачката, на нејзиниот континуиран притосок врз Социјалното и на заканата дека ќе викне медиуми, по три дена конечно реагирале од ЦСР и луѓето конечно се згрижени. Но, не успеавме да дознаеме каде се сместени, што ќе биде со нив понатаму, дали некој навистина ги манипулирал и зошто се чекало олку време за да им се помогне, бидејќи кога ја побаравме директорката на МЦСР, таа беше отсутна од своето работно место. Според нашите неофицијални информации, ова семејство, социјалните служби последен пат го посетиле во ноември лани.

Каролина Дурло/ ТВ АЛФА

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...