19.7 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Никогаш да не се заборави, изминаа 6 години од организираниот напад...

Спасовски: Никогаш да не се заборави, изминаа 6 години од организираниот напад врз македонското Собрание !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

<

Статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Точно 6 години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април 2017 – кулминација на двегодишната политичка криза, луѓе маскирани, со качулки на глава извршуваат напад на институциите и напад на пратеници, поттикнати од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта беше со напад на демократското и уставното уредување да се земе власта и по цена на живот.

Затоа, апсолутно сум против амнестија на сите осудени од 27 април, предлозите коишто ДПМНЕ ги поднесува изминатиов период.

Како одговорни политичари треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот!

Денес зборуваме за МВР за граѓаните, за реформирана и европска полиција, за полициски службеници кои пожртвувано се вложуваат за безбедноста на сите граѓани, наспроти тоа време одбележано со невидена полициска бруталност и организирано полициско делување и агресија против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

Заврши времето кога граѓанинот се плаши од полицијата, денес полицијата е партнер на граѓаните!

Денес Република Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според Глобалниот индекс на мир, во друштво на 36 најбезбедни земји во светот. Јасна е разликата!

Горд сум што како застапници на идеите за слобода и демократија, и по цена на сопствениот живот, успеавме да ја одробиме државата, да ја вратиме на прав пат, во евроатлантските структури таму каде што припаѓаме, како држава на сите граѓани!

Никогаш да не се заборави!, нашиша на својот Фејсбук профил министерот Оливер Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...