12.8 C
Ohrid
петок, мај 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЦените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31-ви мај

Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31-ви мај

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница.
Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија.

<

Со оваа Одлука, се определени највисоките цени во трговијата на мало на одреден дел од овошјето и на зеленчукот. Килограм свежи домати и килограм свежи краставници ќе чинат до 95 денари. Исто толку ќе чини и килограм грав, а килограм кромид – 70 денари.

Килограм свежи зелени пиперки ќе чинат до 100 денари, 110 денари ќе чини килограм леќа, а 75 денари килограм банани.

Килограм портокали и килограм лимони ќе чинат до 60 денари, а 65 денари за килограм мандарини. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Support Kocani објави нови фотографии од изгореници на екстремитети кај младите за да надлежните сфатат колку се сериозни последиците

Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. На сликите се прикажани изгореници на лице...

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...