8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСамохрана мајка од Скопје и нејзината ќерка со години претепувани од соседот,...

Самохрана мајка од Скопје и нејзината ќерка со години претепувани од соседот, никој не презема ништо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До редакцијата на Канал 5 се обрати Мелиса Захитовиќ, која се пожали дека со години трпат насилство од нивниот сосед, но дека нема реакција од надлежните.
Писмото на малтретираната жена ви го пренесуваме во целост со апел до надлежните за соодветна реакција:

<

„Јас сум Мелиса Захитовиќ (25), по професија Образовен Асистент во училиштето ОУРЦ (основно училиште со ресурсен центар) ИДНИНА.

Вчера околу 18:30ч во Петровец доживеавме брутален физички напад од сосед, јас и мојата мајка која е во лоша состојба. Со години трпиме психичка тортура и константни закани по живот од соседот, неговиот поголем брат и останатите членови од фамилијата.

Живееме во страв и трепет секоја секунда плашејќи се за својот живот. Полицијата апсолутно не превзема ништо. Откако бевме физички нападнати, удирани со клоци и нозе по глава и тупаници по лицето и горните екстремитети додека неговите 5 малолетни деца го гледаа целиот настан кој траеше отприлика 10/15 без престан, дотичниот потоа се упати кон полициската станица во Петровец за да не пријави нас двете.

Додека јас на лице место повикав полиција, полицијата дојде после 2ч заедно со соседот додека неговите пријатели полицајци од полициската станица дојдат на смена.

Меѓувреме три пати ја барав полицијата плачејќи и молејќи за итна помош, полициските службеници се однесуваа дрско преку телефон велејќи “патролата е одамна пратена чекајте”, додека од итната помош ме бараа велејќи “ништо не ти е измиј се со вода ќе помине”. ВЕ МОЛАМ!

Зарем треба да згасне нечиј живот и потоа да се разбудиме?! Кога ќе престанат мажите да креваат рака врз жена?! СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИ!
Извор: Канал5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...