15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаАдвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се нуди да ги...

Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се нуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Адвокат и пратеник на владеачката српска партија СНС, Владимир Ѓукановиќ, е подготвен веднаш да ги брани осомничените за масовните убиства кај Младеновац и во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува Данас.

<

Тој тоа го напишал на својот Твитер профил

Неколкумина од вас ме прашаа дали би се согласил да го бранам У.Б. од Младеновац или К.К. Без воопшто да размислам, би се согласил. Работата на адвокатот и неговата професионална должност е да ја обезбеди најдобрата можна одбрана и да застане на страна на својот клиент дури и кога осудата на јавноста е толку силна и секако оправдана. Никогаш не се согласувам да осудувам некого пред суд и секогаш ќе се борам да се почитува презумпцијата на невиност, дури и кога се е очигледно. Тоа е адвокатска работа, заклучил тој.
На констатацијата на една од корисничките на Твитер дека тоа е работа на адвокат, но дека не и е јасно како може да се брани нешто што не може да се одбрани, каде се е повеќе од очигледно и каде што нема оправдување, тој одговорил дека тој не го брани делото туку лицето.

Да потсетиме, минатата недела беше уапсен основец од „Владислав Рибникар“ осомничен дека убил девет и ранил седум лица, а уапсен е и млад човек осомничен дека убил осум и ранил 14 лица кај Младеновац.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...