6.9 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаМакедонијаТрадиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици

Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.
На Еордијата, како што појасни за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

<

– На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, изјави сестра Ефимија.

Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на кој е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

– Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.

Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, кој е дел од организацискиот одбор на Струшката Еордија, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ „удри“ по тетовска Шкендија: Oгледаjте се на Шкендија Арачиново

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на...

Лена од Кочани бара психолошка помош за нејзиниот син Александар кој помагал цела ноќ за вадење на жртвите од Пулс

На социјалните мрежи на својот фејсбук профил, Лена Мишева се огласи со апел за помош во кој вели: Сакам да дојде до знаење дека мојот...

Лажни хуманитарци од врата на врата собираат донации за настраданите и повредените во „Пулс

Лажни хумантарци деновиве биле забележани во Кочани и населените места барајки пари кои наводно ќе бидат наменети за настраданите и повредените во трагичниот пожар...

Уапсен член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека на 30 март 2025 година е уапсен полициски службеник осомничен за оддавање службена тајна. Според информациите, станува...