19.1 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски бара родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата

Спасовски бара родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зајакнување на системот на контрола во образовните институции, подигнување на степенот на образование и зајакнувањето на стручните служби кои ќе се грижат за менталното здравје на децата, би помогнало многу во процесот да не дојде до состојби за кривична одговорност кај малолетници. Но потребно е и родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

<

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, во рамките на 50. Европска регионална конференција на Интерпол што се одржува во Охрид, за предлозите за намалување на границата за кривична одговорност кај малолетници, по масакрот во Србија, Спасовски рече дека е потребна широка дебата која би помогнала во процесот. Забраната на социјални мрежи и намалувањето на старосната граница за кривична одговорност кај малолетници се дел од предлозите на јавноста, по случувањата во соседството.

Мојот личен став е дека не треба ниту еден од оние вртлози да биде отворен, туку напротив да се отвори една широка дебата, и сепак одлуките да ги носиме не водени од емоциите, туку да ги носиме од разумот, она што е рационално во еден момент да може да го направиме. Така што, сметам кога се работи за безбедноста сите опции коишто ќе ја подобрат безбедноста, вреди и да се размисли и да бидат прифатени. Ќе отвориме дебата по конкретното прашање, рече Спасовски.

Според него, родителите имаат сериозна одговорност во тој дел осврнувајќи се на контролата врз децата во однос на пристапот на интернет, социјални медиуми и слично.

– Меѓутоа и како родители секој од нас има една сериозна одговорност во овој дел. Да размислиме сериозно дали и кога е границата во којашто ние ќе дозволиме децата да имаат смарт телефони, пристап до интернет. Затоа што сепак гледаме дека таквиот пристап на сите нас како граѓани придонесува едноставно на децата да им дадеме таканаречено оружје во раце со пристап до тие социјални медиуми, до интернет. Времето на развојот на технологијата ги овозможува сите тие активности. И ние не треба да се враќаме сега назад чекор кон развојот на општеството. Меѓутоа треба да создадеме услови коишто ќе гарантираат безбедност во таа фаза, нагласи министерот за внатрешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...