21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанските власти потврдија: Во Преспа живеат Македонци

Албанските власти потврдија: Во Преспа живеат Македонци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, порача албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши од изборниот собир одржан во селото Туминец.

<

Пелеши, кој е координатор за локалните избори за округот Корча, вети дека коалицијата на владејачката Социјалистичка партија и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи се со цел развој на општина Пустец.

-Посебно сакам да го нагласам и да кажам дека високо го цениме залагањето на МАЕИ во заштитата на македонскиот идентитет во Албанија. Нашата соработка е долгорочна а со поддршка на владата покрај до сега реализираните проекти и оние во тек на реализација, веќе се усвоени и други проекти со кои Пустец ќе го добие потребниот лик на развиена туристичка дестинација, додаде Пелеши.

Искажа убеденост дека Пали Колефски, како кандидат на СП а чија кандидатура е поддржана од сите претставници на ограноци на МАЕИ во Албанија, по вторпат ќе ја добие довербата бидејќи ја заслужува.

-Ние ќе работиме повеќе за ова благословено подрачје со Пали Колефски. Денеска, општината е на услуга на нејзините граѓани. Пали е одличен менаџер кој знае да го сослуша секого и да размислува за секое барање и забелешка и тој во изминатите четири години направи многу за оваа општина. Многу работи ќе бидат подобрени за да гарантираме еднаков третман и можност за секој жител. Со СП во долгорочна алијанса со МАЕИ и со Пали Колефскин на чело на општината, ќе продолжиме со брзо темпо. Само напред за да го надокнадиме изгубеното време, порача Пелеши.

За успешноста на Колефски зборуваше и лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски, повикувајќи ги жителите на 14 мај да го заокружат бр2 (Пали Колефски) за градоначалник и број 29 за советничката листа на МАЕИ.

-Не треба многу да зборувам за менаџерската способност на Колефски зашто вие сами сте сведоци на неговите успеси. Само да го нагласам најгорливиот проблем, што со негово и наше залагање а со поддршка на владата беше надминат а тоа е изградбата на водоводот во општината. Ние како партија, ветивме и заедно со општината тоа ќе го реализираме, ќе подигнеме спомен обележје во Туминец посветен на сите борци за слобода од ова село, од Илинденскиот период и Втората светска војна, што е повеќегодишно барање на Македонците од Туминец, рече Стерјовски.

Пред присутните се обрати и Колефски, кој спомна повеќе реализирани проекти, а најави и нови.

-Заедно можеме многу, наша Преспа да ја направиме вистински туристички рај. Во овој сектор веќе е одобрен проект поддржан од германската КФ банка а во соработка со владата на премиерот Еди Рама. Ве повикувам заедно да продолжиме во спроведување на нови проекти за доброто на сите нас. Само напред, никако назад, порача меѓу другото Колефски.
Кампањата за неделните избори во Албанија, на кои се избира новата локална власт во 61 општина завршува утре на полноќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...