6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаБлокирана е сметката на Град Скопје !!!

Блокирана е сметката на Град Скопје !!!

spot_img

Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК тврдат дека Градот извесен период е во лоша финансиска состојба односно е пред банкрот, а му се закануваат присилни наплати и од други фирми. (Фото: К.Попов)

<

Блокирана е сметката на Град Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од официјални извори кои не се овластени да даваат изјави. Градоначалничката Данела Арсовска не одговараше на нашите телефонски повици ниту порака во која ја прашавме дали Градот е со блокирана сметка и зошто е доведен во ваква ситуација.

Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот. Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите.

Дознаваме дека и до градската администрација било доставено писмо со информации за долгови кои може многу брзо да бидат активирани со оглед на тоа што станува збор за неколку завршени судски постапки.

Нашите извори исто така тврдат дека Градот извесен период е во лоша финансиска состојба, односно е пред банкрот. На сметката на Градот се случувало да има меѓу 10 и 20 милиони денари или само околу 200.000 евра, што не е доволно ниту да се исплатат плати на вработените. Токму поради тоа што Градот нема пари на сметка, не можат да се повлечат парите од тужбата и затоа сметката е блокирана. САКАМДАКАЖАМ.МК дознава и дека на Градот му се закануваат присилни наплати и од други фирми на кои им должи пари.

Во ваква финансиска ситуација и со блокирана сметка Град Скопје не бил во мандат на ниту еден досегашен градоначник. Во времето на ексградоначалниците Коце Трајановски и Петре Шилегов, Градот на сметката имал на дневна основа најмалку по 5 до 6 милиони евра. И тогаш Градот имал тужби, ама сметката не била блокирана бидејќи имало пари да се повлечат пари по тужбата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...