13.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаПијан Неготинчанец се соблекувал гол пред службеничките, потоа фрлал со филџани по...

Пијан Неготинчанец се соблекувал гол пред службеничките, потоа фрлал со филџани по нив !!!!

spot_imgspot_img

Вработена во Центар за социјални работи Неготино, денеска јавно реагира, по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош. Во изјава за МИА, таа информираше дека завчера во просториите на ЈУМ ЦСР Неготино, демонстративно влегол корисник на гарантирана минимална помош, без никаква претходна покана, ниту пак потреба.

Тој под дејство на алкохол почна да вика на висок тон, да упатува погрдни вулгарни зборови кон три службенички во канцеларија, да се заканува по живот, безбедност и здравје на нас и нашите семејства. За истото е пријавено во полиција веднаш по чинот на влегување во канцеларијата, бидејќи претходно веќе имавме сознанија дека тој вознемирувал граѓани и деца во училиштата и гимназијата во Неготино за што е пријавено во полиција. Тој во период додека беше во канцеларија фрлаше службени досиеа кон нас, со стаклено шише алкохол, со филџани, екранот од комјутер кој стоеше на празното биро и се соблекуваше пред нас, со намера, како што рече, да правел што сака со нас. Бидејќи веќе ни стана секојдневие во ова наше ново општество без морални вредности да се соочуваме со недолично однесување на лицата кои се во социјален ризик, сметаме дека бевме професионални и соодветно постапивме, соопшти социјалната работничка Павлинка Волканоска.

Ние сме први на удар кога станува збор за дејствувањето и постапувањето на лицата кои се во социјален ризик. Оттука сакам да напоменам дека се повеќе колеги од центрите си дадоа отказ од постојаниот притисок, ризик и секојдневно омаловажување кои придонесуваат за секојдневен стрес и страв, нагласи таа.

Се заканувал кон вработена во Центар за социјални работи Неготино и се соблекол пред неа, неготинец бил лишен од слобода, потврди денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...