26.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаЗабаваПретседателот на грчката партија што освои само еден глас на изборите го...

Претседателот на грчката партија што освои само еден глас на изборите го бара единствениот гласач

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Партијата Грци еколози- Димостенис Вергис на вчерашните парламентарни избори во Грција освои само еден глас, а ниту претседателот и неговата сопруга не гласале, па затоа го бараат единствен гласач на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Меѓу 36 партии што учествуваа на изборите во Грција, на последното место со само еден глас се најде Грци еколози на Димостенис Вергис, а лично тој за „Прото тема“ вели дека со сопругата биле на викенд на Миконос и воопшто не гласале, па затоа, го бара неговиот еден и единствен гласач.

Се има случено да учествувам на национални избори и да не добијам глас, сега барем добив еден. Дури го барам да го најдам човекот што ме избра за да му се заблагодарам и да го почестам. Ова беше големо изненадување за мене. Ќе се распрашам и ќе се обидам да го најдам тој што гласаше за мене. Морам да го најдам гласачкото ливче, го сакам за сувенир, вели 82-годишниот Вергис за „Прото тема“.

На минатите парламентарни избори во 2019 година, партијата Грци еколози- Димостенис Вергис, која го носи и името на основачот и претседателот, не освои ниту еден глас.
Tv21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...