21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавно црковна делегација предводена од претседателот Џафери на Аудиенција кај Папата Франциск

Државно црковна делегација предводена од претседателот Џафери на Аудиенција кај Папата Франциск

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и државно – црковната делегација во состав: Арбер Адеми, координатор на ДУИ; Соња Мираковска, заменик координатор на СДСМ; Дафина Стојаноска, заменик координатор на ВМРО- ДПМНЕ; Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието; Елена Јовановска Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик; Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи; г. Пимен, митрополит европски; отец д-р Зоран Стојанов имаа Аудиенција кај Папата Франциск.

<

Претседателот Џафери, честитајќи му ја 10-годишнината од Понтификатот на Папата Франциск, подвлече дека односите меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица се нераскинливо поврзани преку историски врски на важните личности од заедничкото минато и се темелат на заедничките историски, културни и верски традиции. Постои широк потенцијал за понатамошно унапредување на тоа партнерство, како на билатерален, така и на меѓународен план, особено преку Националната библиотека “Св. Климент Охридски“-Скопје и Ватиканската библиотека, како и меѓу тајниот Архив на Ватикан и Државниот архив на МК; меѓу Институтот за национална историја на Северна Македонија и Ватиканската библиотека и Архив во размената на научно – истражувачки работници, како и преку потпишување на меѓудржавен договор за регулирање на надлежностите во сферата на високото образование меѓу двете држави, по моделот на вакви слични договори што ги има Светата Столица со земји од Регионот.

Џафери истакна дека „Република Северна Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава во која има длабока традиција на меѓурелигиска толеранција, се почитуваат различните верски чувства и се негуваат конфесионалните слободи; Верските заедници и религиозните групи имаат висок степен на взаемна соработка и црквите дејствуваат непречено во реализацијата на своите цели. Постои плодна соработка со Католичката црква во Република Северна Македонија и нејзината конструктивна улога покрај другите религии е дополнителен вредносен фундамент на религиска коегзистенција.“

Основната порака што ја упати Папата Франциск на средбата беше единството за обезбедување мир во Европа и единството во напорите за евроинтегративните процеси.

Претседателот Џафери му подари на Папата Франциск графичка икона Богородица Несвенлива Роза од XIX век и примерок од долгометражниот документарен филм „Јанѕа“. По повод 10 години од Понтификатот на Папата, Џафери му подари уникатен примерок – кутија во длаборез.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...