13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски: Да се изгради тунел под Водно и од другата страна можеби...

Груевски: Да се изгради тунел под Водно и од другата страна можеби ќе никне уште еден град во иднина

Статус на Никола Груевски: „Скопје како главен и најнаселен град во Македонија има потреба од голема промена и нов хоризонт. Долгорочно, за неколку децении, планината Водно треба да стане средиште, а не завршеток или крај на јужниот дел на Скопје.

Потребно е проектирање на најмалку три, а за почеток изградба на само еден тунел под Водно со голем проток за коли и најмалку 8 коловозни ленти, како и простор за воз, трамвај, велосипеди и пешаци. И сите потребни подземни инсталации, како гасоводни, водоводни, канализациски и други цевки, кабли и слично кој ќе помогнат во развојот на новиот дел од градот или можеби новиот град.

Во кој дел како микро локација на централното градско подрачје би понирал тунелот од страната на Скопје и би излегувал од другата страна, би требало да биде работа на високо стручни професионалци, градежници, архитекти и урбанисти, но јасно е дека каде и да биде ќе има потреба од претходна експропријација на земјиште и можеби и куќи, чии сопственици треба да бидат чесно и пазарно обештетени и исплатени, за да може да се изгради тунелот кој на Скопје ќе му отвори нов хоризонт на југ, во правец кон денешната општина Сопиште односно област во јужниот дел на Скопската котлина наречена Каршијак, во сливот на Маркова Река.

Тоа е крупен проект кој бара освен пари и време, промена на генерален и детални урбанистички планови, меѓуопштинска соработка и голем ангажман на владата и кој надминува еден мандат на една влада. Потребна е и мнозинска јавна подршка. И бара многу способна влада.

Другите два тунели би можеле да се изградат подоцна, можеби по 10, 15 или 20 години по градбата на првиот, кога Скопје на големо ќе се прошири и изгради зад планината, отворајќи перспектива кон еден многу живописен крај со прекрасни пејсажи и села кои сум ги посетил и од каде секогаш ќе паметам неверојатни незаборавни глетки, како с.Цветово на пример.

Тој дел од градот би имал отоврена визуелна или геогравска перспектива кон езерото Козјак и езерото Матка, планината Караџица, планината Јакупица со врвот Солунска глава (2.540 метри) и планината Китка, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка.

Тука е и планината со највисок истоимен врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливи карпести облици. Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија. Кратко кажано многу живописна природа и гледка на околината, сончева област и со многу почист воздух од оној во Скопје

Тунелот би требало да понира во низинскиот дел на Скопје, и да излегува на другата страна исто така во низинскиот дел на општината Сопиште. Таму пак, можеби еден, два или повеќе километри подалеку од излезот од тунелот, односно подлабоко во низината и помалите ридови би требало да се предвидат најмалку три градски јадра или најмалку три нови центри. Сето ова во оваа фаза е многу полесно бидејќи сега таа површина е ретко населена.

Сегашната конфигурација на Скопје со еден центар кој се повзува со плоштадот Македонија и поширокиот дел околу него, урбанистички познат и како “Мал Ринг” ја намалува функционалноста во сообраќајот, паркирањето, еколошки не е добар за здравјето на граѓаните заради голема концетрација на издувни гасови и создава многу загуба на време зарадинсообраќајниот метеж.

Трите нови центри можат да се разликуваат по стиловите на архитектирата на нивните “мали рингови”. Па така на пример, еден може да е со современ архитектонски стил, вториот може да е со историски архитектонски стилови а третиот со футуризам. Се, разбира, третиот би бил најскап, но и супер атрактивен, какви што делови или квартови има во Парис, Лондон и други главни градови.

Секако оваа одредница на архитектонските стилови би важела само за централните јадра во радиус од околу 500-1000 метри, во кој светски познати архитекти кои би ги ангажирала државата однапред и кои би испланирале сѐ. Сѐ зад таа линија на трите нови “мали рингови” би било оставено на слободен избор на секој претприемач односно нивните архитекти.

Доколку така се одлучи, средствата наменети за тунелот би можеле да бидат вратени назад со плаќање на дневна/неделна/месечна/годишна вињетка за сите кои сакаат да го користат, се додека инвестицијата не се врати во целост. Така, луѓето од другите градови нема да имаат чувство дека платиле со парите од нивните даноци проект кој нема или многу ретко ќе го користат.

Втора опција е да биде исфинасиран од буџетот со неповратни средства, како што сите досега инвестиции се направени.
Со тунелот би требало на самиот почеток да се направат и најмалку два или три широки вкрстени булевари со осум коловозни ленти, простор за пешаци, велосипеди, трамвај и воз, кои ќе ја дадат новата форма и основа на новиот дел на градот, или ако така се одлучи на новиот град со ново име. Незнам кое. Можеби Ново Скопје, или сосема друго име.

Има многу примери во големи градови во светот каде под еден поголем рид во сред град има тунел. Има такви и во Будимпешта, Прага и други градови. Сигурно вие ќе се сетите на повеќе такви каде сте биле. Ништо невообичаено, а ќе биде едно долгорочно големо проширување и олеснување за Скопје.

За побрзо да заживеат по изградбата на тунелот, на ново проектираните плоштади во трите нови центри може државата да изгради и префрли три или повеќе, односно по една или две државни установи или министерства, што значајно ќе го растерети сообраќајот, паркирањето и гужвите во сегашниот центар на Скопје. Исто така сите државни институции ќе треба да отворат свои подрачни единици таму, како за почеток најмалку по една полициска станица, амбуланта или поликлиника, пожарна и сл.

Се другото подоцна ќе си оди спонтано и ќе го решава пазарот и приватниот сектор, освен ново проектираните улици и друга инфраструктура кои ќе треба да се градат постепено како што се градат населбите. Дури и овие три или повеќе објекти на државни установи не се најнужни. Може и без нив. Тие само би го забрзале развојот на тој дел, но и без нив иако побавно, развојот ќе се случи.

Приватниот сектор ќе има голем интерес да инвестира таму. Скопје ќе се прошири, ќе се релаксира, “полесно ќе диши”, ќе се гради и ќе станува се поубав и поатрактивен град. Од новите три центри до државната болница Мајка Тереза ќе се стигнува со возило побрзо одколку од Радишани, Бутел, Маџари или Ѓорче Петров.

Тунелот и целиот опишан проект би значел голем развој за општината Сопиште и тамошните села, населби и жители исто така. Исто така би значел и голем развој на општината Студеничани која е соседна општина на Сопиште и во непосредна близина на новиот дел на градот. Овој тунел и булеварот кој ќе излегува од него, може перспективно да биде почетната точка за градба на автопат од Скопје кон Охрид и Битола преку Македонски брод, кој речиси за половина ќе го скрати патувањето.

Скопје, односно владата, би требало да ја заврши и втората фаза од жичарницата, а тоа е од Средно Водно до градот односно до клиниката за детски болести Козле, како што веќе се е испроектирано и подготвено за градба уште од 2016 година. Третата фаза би можела да биде жичарница од врвот на Водно, па по сртот се до езерото Матка, а четврта фаза одкако ќе заживее новиот дел на Скопје зад планината Водно, би била од врвот на Водно па до еден од новите три центри на новиот дел на Скопје, преку планината.

Оваа страна на Водно која сега е посетувана и која е со помалку сонце е погодна за пешачење особено во лето, и за изградба на скијачка патека за која владата која ја предводев комплетно го заврши проектот за нејзина изградба со опрема и за вештачки снег до степен на отворање тендер за градба и надѕор, додека другата страна, онаа сончевата ќе стане поатрактивна за пешачење во зима.

Обиколницата околу Скопје “Мајка Тереза” која 80% беше изградена во времето кога ја предводев владата на Македонија, при нејзиниот завршување, бидејќи сега е полу прстен или полу обиколница, би завршувала на периферијата на новиот дел од градот или новиот град, како и да се одлучи.“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...