30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЖителите на Арачиново ги бркаат вработените на ЕВН !!!!

Жителите на Арачиново ги бркаат вработените на ЕВН !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поединци од Арачиново повторно сами се приклучуваат во мрежата и ги оставаат останатите жители без струјa, дознава Плусинфо од свои извори.

<

-Според информации до кои дојдовме од жителите на селото, дел од мештаните во Арачиново повторно ги напаѓаат и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат. Тие самоволно се приклучуваат во мрежата и предизвикуваат дефекти кои ги оставаат без напојување и останатите жители од селото кои сакаат да се работи за да се остави проблемот со струјата во минатото, пишува Плусинфо.

Ваков дефект се случил токму денес.

Неофицијално лицата Ф.А., А.М., А.Ќ. и други не дозволуваат да им се постават броила и им се закануваат на вработените на ЕВН, се со цел за да може да продолжат со стариот начин на функционирање и кражби. Mинатата година во Арачиново се одржи средба со претставници на Владата кои заедно со претставници од Општината се договорија со мештаните да се сврти нов лист и да се подобри имиџот на селото. Сепак, изгледа целиот овој труд на владата некои жители го множат со нула, вели извор на порталот.

Проектот на ЕВН за реконструкција на мрежата со што ќе им се овозможи стабилно снабдување на арачиновци започна со реализација во крајот на август минатата година и сѐ уште трае.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...