13 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаПочна увозот на странски работници во Македонија, Индијци ќе работат во млечна...

Почна увозот на странски работници во Македонија, Индијци ќе работат во млечна индустрија

Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор. Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе. Станува збор за ниско квалификувана работна сила. Посочува дека сопственикот на млекарата и фармата е задоволен од работниците од Индија. За нив има обезбедено сместување, храна, плата, здравствени прегледи, визи и тоа се едни од условите, за да овие работници дојдат и работат, во овој сектор.
Пополека почнува да се примаат работници од странство, има нешто во земјоделието, кај нас на пример има дојдено во млечната индустрија од Индија, во градежништото веќе одамна има работници од Турција и далечниот Исток. Така да мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, затоа што се појавуваат многу основани Агенции, кои сакаат со тоа да се занимаваат и да им биде тоа бизнис, вели Димитров.

Забележува дека нема логика да се плаќаат странските работници пониско во однос на нашите работници. Прашан дали и во текстилниот сектор увозот на странски работници ќе стане реалност во текот на наредниот период, Димитров со одговор дека очекува ова да стане реалност за три до четири години.

Затоа што овие години доста голем број на работници одат во пензија, за нив немаме замена од наши млади работници од Македонија. Така да тоа останува единствен излез ако сакаме да го задржиме сегашниот буџет, фондовите да ги полниме. Во спротивно паѓаат сите овие параметри и многу негативно ќе се одрази не само на економијата, туку и како држава, вели Димитров.

Смета дека Законот за вработување на странски работници е комплициран и има квоти за вработување. Димитров вели дека токму поради ова мора да се либерализира овој Закон за да може да се увезуваат странски работници како сезонски и во земјоделскиот сектор. Во моментов најголемиот број на странски работници се во градежниот сектор, кои работат на изградба на патишта, но и на станбени згради.

-Сите големи странски градежни компании кои градат во Македонија најголем дел од работниците го обезбедуваат од надвор. Јас мислам дека исто ќе се случи и со сега најавуваните гради на автопатиштата. Затоа што е факт дека Македонија нема работна сила. Ние имаме фиктивен број на невработени, кои во суштина не сакаат да работат, особено не во овие гранки, какошто е земјоделието, градежништото, текстилот итн, додава Димитров.

Посочува дека во овој дел нашата земја е назад во однос на соседните држави и на Балканот.

-Да ги спомнеме Србија, Бугарија предничи пред нас, дури и една Босна вработува повеќе странци, отколку ние што вработуваме, да не зборуваме за Хрватска каде што цели населби имаат и да речеме имаат над 20.000 луѓе вработени од Непал, вели Димитров.

Прашан до каде се дебатите за носењето на Законот за работни односи, Димитров за МИА вели дека деновиве во Охрид ќе има една таква дебата, на која ќе има и странски екпсерти. Очекува кон крајот на годината овој Закон да влезе во Собранието, а во моментов какошто вели синдикатите вршат притисок и водат дебати за платите во јавниот сектор и за Колективниот договор во овој сектор.

Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Полиција во домот на родителите на Боки 13 во моментов, подкастот е паузиран

Во моментов е вториот дел од интервјуто на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во студиото на Лазаров. Во самото интервју кое е во живо...

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...