23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаИ по неговата смрт 19 годишниот Мемет нема мир – Не може...

И по неговата смрт 19 годишниот Мемет нема мир – Не може да биде погребан без ДНК анализа, надлежните молчат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мемет почина, а неговата судбина дека не можеше да добие лична карта и здравствена книшка за да се лекува, потикна само мали зраци на одговорност на надлежните инститиции. Мајка му го напуштила, живеел во семејството на вујкото, а не му давале лична карта затоа што немал имотен лист за куќата во која живеел а била дивоградба. И така почина како жртва на бирократско убиство. Од МВР пак за Телма се правдаат дека работат за да го променат законот.

<

СО ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ УСЛОВИ ЗА ПОФЛЕКСИБИЛЕН ПРИОД РАНЛИВИТЕ ЛИЦА ДА МОЖАТ НА ПОЛЕСЕН НАЧИН ДА ПРИЈАВУВААТ ЖИВЕАЛИШТЕ, ВЕЛАТ ЗА ТЕЛМА ОД МВР.
За тажната судбина на Мемет, одговорните избегнаа да дадат одговори на настаните каде ги видовме министерката за труд и министерот за здравство.

Македонското здружение на млади правници со години се занимава со ова проблематика како ранливите да добијат документи за да може да ги остварат своите права. На смртта на Мемет Камбер гледаат како на општествен неуспех, кој почнал на шалтер на МВР каде не му дале лична карта поради бирократските пречки.

Но бирократијата тука не застана. Телото на 19-годишниот Мемет се уште е во капелата во Бутел. Не може да биде предадено бидејќи Мемет немал ниту еден документ за идентификација. За да биде предадено телото на младата жртва, најблиски роднини со кои живеел мора да дадат примерок за ДНК анализа за да се докажат роднинските врски.

Симона Петровска Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...