3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаСветПретседателот Бајден падна на сцената на церемонија во Колорадо

Претседателот Бајден падна на сцената на церемонија во Колорадо

spot_img

Американскиот претседател Џо Бајден, повторно предизвика реакции во врсна со неговата здравствена состојба, откако падна како покосен на сцената во текот на церемонија на дипломирањето на кадетите на Академијата на воздухопловните сили на САД во сојузната држава Колорадо.

Од снимката на настанот кој беше пренесуван директно на повеќе официјални мрежни страници, се чини дека претседателот Бајден налетува на некаква кутија којашто му се испречува на патот и паѓа. Првиот обид за самостојно исправање на нозе е неуспешен, но обезбедувањето реагира навремено за да му помогне на претседателот брзо да стане.

Инцидентот се случил во текот на церемонијата на дипломирањето на кадетите на воздухопловната академија во Колорадо, каде што 80-годишниот Бајден допатувал претходниот ден. Засега нема информации за евентуални повреди на американскиот претседател..

Откако во јануари 20220 година Бајден влезе во Белата куќа, беа забележани повеќе инциденти со падови во кои за среќа американскиот претседател не беше повтреден, а последниот во низата се слички кога во февраури годинава повторно се сопна додека се качуваше во својот авион „Air Force One“ на аеродромот при заминувањето од дводневната посета на полската престолнина Варшава. Потоа во Полска се случи уште еден гаф, кога американскиот претседател Џо Бајден и полскиот претседател Анджеј Дуда чекореа по црвениот тепих пред почесната гарда. При вообичаеното свртување, од снимките беше очигледно дека американскиот челник ја губи ориентацијата и правецот на движење, по што му асистираат од протоколот да се врати на вистинската насока.

Ова не е првпат претседателот Бајден да има потешкотии, така според медиумите имал и при качувањето во авионот во Калифорнија пред летот за , а последниот како што забележуваат медиумите бил минатото лето. Ланскиот март, тој трипати се сопна додека се качуваше, кога Белата куќа го објасни со силниот ветер.

Ланскиот ноември Бајден напони 80 години и стана најстариот американски претседател на должност во историјата. Неговите чести гафови, дезориентираност во просторот, говорните лапсуси и замени на должности и географски локации често предизвикуваат реакции кај неговите опоненти кои ја доведуваат во прашање неговата когнитивна состојба. Особени по најавите дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Лекарите на минатата седмица го прогласија Бајден „здрав, силен 80-годишен маж“ и „способен за извршување на должност“ по прегледот со кој му се отстранети лезиите на градниот кош, а утврдено е и дека нема последици од долготрајниот Covid-19 откако минатата година беше позитивен на коронавирусот.
ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...