29.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија пред нова опасност – воведувањето 10-часовно работно време за Коридорите ќе...

Македонија пред нова опасност – воведувањето 10-часовно работно време за Коридорите ќе се одрази и врз домашните работници?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не смееме толку наивно да гледаме на владината одлука да се воведе 10-часовно работно време за странските работници кои ќе работат на Коридорите 8 и 10д, предупредуваат економските експерти и велат дека сега над глава ни виси опасноста од растење на апетитите на сопствениците на повеќе домашни компании.

<

Според познавачите на приликите, Македонија сега се соочува со реална опасност повеќе компании, без разлика на секторот, да се обидат да издејствуваат да влезат во категоријата „проект од стратешки национален интерес“, па на своите работници да им наметнат 10-часовно работно време наместо 8-часовно- пишува Денар.Мк

Универзитетскиот професор Здравко Савески вели дека бројот на работници што би можеле да бидат „подјармени“ би можел значитечно да се зголеми.

Дефинитивно се отвора Пандорината кутија на опасности. Прво, при недостиг на работници, компаниите и нивните капиталисти ќе се обидат да добијат дозвола и за нив да важи неограниченото работно време. Второ, при следното зголемување на невработеноста, капиталистите ќе ги уценуваат работниците да прифатат подолго работно време „по своја волја“ ако сакаат да останат да бидат вработени. И трето, вака се охрабрува продолжувањето на работното време надвор од законските граници. Сега капиталистите добија уште еден изговор да наметнуваат редовна работа од 48, 56, па дури и повеќе часа. Ќе им велат: „На коридорите работат по 60 часа, а ти се буниш за 48 часа?“. Ниту еден работник не смее да работи на коридорите. Градежниот синдикат мора да организира синдикална акција. Овој упад во системот на работнички права не смее да им помине. Засегнати не се само работниците што ќе работат на коридорите, туку сите ние работниците – објаснува Савески.

Реакција пристигна и од Синдикатот на градежништвото од каде што предупредуваат дека градежните активности на Коридорите, под овие услови, ќе се изведуваат со многу повреди и жртви.

-Не е точно дека ќе се работи редовно 40 часа, па сѐ останато ќе се води како прекувремено. И досега имаше многу лоши искуства со огромен број работодавачи кои го прераспределуваа работното време и воопшто не исплаќаа прекувремена работа. Пресметката покажува: седум денови во неделата помножени со 24 часа, дава 168 часа. Кога ќе одземеме 24 часа неделен одмор, остануваат 144 часа. Кога ќе одземеме шест помножено со 12 часа дневен одмор, односно 72 часа, ќе видиме дека ни преостануваат 72 часа работа. Тоа, во просек, додека трае проектот и додека овозможуваат временските услови, значи само смрт на градежните работници на терен, како на странските така и на домашните. Ова е полошо законско решение отколку специјалниот Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) и членот 12 кој го оспоривме пред точно една година, кој строго дефинираше 60 часовна работна недела – велат од Синдикатот.

Инаку, претседателот Стево Пендаровски деновиве ги потпиша петте законски решенија усвоени во Парламентот за изградба на коридорите што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, меѓу кои и тој за работни односи.
Денар.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...