24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица бара оставка од министерот за здравство, Фатмир Меџити

Левица бара оставка од министерот за здравство, Фатмир Меџити

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од политичката партија Левица бараат оставка од министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој велат дека за кратко време направил непростливи гафови.

<

-Министерот за здравство, Фатмир Меџити за краток период ни покажа дека продолжува практиката на врвот од државата да се поставуваат личности коишто може да бидат арогантно амбициозни, кусогледи, некомпетентени, и неспособни да ја извршуваат функцијата што им ја доверуваат политичките партии што се во коалиција со власта.

Со доаѓањето на новиот министер, делегиран од Политичката партија, Алијанса за Албанците – Меџити, имајки пред себе многу проблеми во јавното здравство коишто требаше да почне да ги решава, пред се‘ решавањето на недостатокот на севкупен медицински персонал и неговото постојано одлевање, тој избра да го разгори револтот, што и така го имаат граѓаните кон севкупното јавно здравство. Меџити, за приоритет во неговата агенда си постави да разрешува организациони и медицински директори на скопските клиники и како врв на неговите гафови беше наредбата да има исти цени во јавното здравтсво за граѓаните од Косово и Албанија.

На социјалните мрежи, македонската јавност најжестоко реагираше поради разрешувањето од должност на хирургот Сашко Јовев, чие отстранување од директорската позиција на кардиохирургија остана без вистинско објаснување за вина. Дополнително, Министерот за здравтсво, нема валидно објаснување за сопственото образование во Сараево во период 1993-1995 кога во Босна беснееше војна и кога процесот на образование на тој медицински факултет бил сопрен.

Здравствениот сектор на Политичката партија Левица го повикува министерот да одговри на прашањето „Дали е точно дека ја купил дипломата за завршен медицински факултет во Сараево?“. Доколку Меџити и понатаму остане без одговор на ова прашање, што не му е поставено прв пат, доведува до широк спектар на сомнеж од страна на народот за компетентноста на личностите што се поставуваат да бидат на врвовите на државните институции.

Додека министерот Меџити, не направил уште некоја штета во здравствениот систем, Здравствениот сектор на Политичката партија Левица го повикува Меџити да си даде неотповиклива оставка од функцијата што му е доделена, затоа што граѓаните и покрај револтот од лошите услови во државните болници, револтирани се и од некадарните министри што пристапот до здравствена заштита го направија невозможна мисија. – велат од Левица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....