20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВласта не ги послуша Охриѓани: Машините го откорнаа асфалтот пред влезот на...

Власта не ги послуша Охриѓани: Машините го откорнаа асфалтот пред влезот на Охрид- Патот останува затворен 45 денови !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, го потпишаа барањето до Владата на РСМ и Министерството за транспорт и врски за да се одложат градежните работи меѓу Подмоље и Охрид за во септември но додека траше состанокот машините на терен веќе го откорнаа асфалот на влезот од Охрид.

<


Изградбата на автопатот од Подмоље до Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат Охрид-Струга ги собра на состанок охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија, угостителскиот еснаф од Охрид, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид.

Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, го потпишаа барањето до Владата на РСМ и Министерството за транспорт и врски за да се одложат градежните работи меѓу Подмоље и Охрид за во септември.

„До ова барање се дојде имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа“, се наведува во барањето, додавајќи дека ваквиот потег бил погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намалел бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...